Традиционалната медицина сега се потпира на витаминот Ц за зголемување на шансите за преживување

Сепсата е состојба која е опасна по животот, а ја предизвикува системска инфекција која предизвикала претерана реакција на телото и крајно деструктивен имунолошки одговор.

Во недостиг на правовремени дијагнози и лекување, сепсата може да предизвика откажување на органите и смрт.

Добрата вест е што се покажало дека големи дози на витамин Ц со хидрокортизон и тиамин значително ги зголемуваат шансите за преживување.

Овој начин на лекување на сепсата го развил д-р Пол марик, лекар од Источна Вирџинија. Неговата ретроспективна студија покажала дека комбинацијата на овие лекови и нивно адекватното давање во интервали, ја намалуваат смртноста од 40 на 8,5%.

Важно е да се напомене дека ова лекување нема нуспојави и евтино е, лесно достапно и практично нема ризик.

2009 година витаминот Ц беше спасоносен лек против свинскиот грип. Пред тоа, бројни истражувања ја покажаа позитивната ефикасност на витаминот Ц против разните вирусни инфекции.

Вирусната пневмонија е опасна состојба со лоша клиничка прогноза.

Витаминот Ц, кој исто така е познат како аскорбинска киселина, има антиоксидативни својства. Кога доаѓа до сепса, се активира ослободување на цитокини, а во белодробните крила доаѓа до насобирање на неутрофили, со што доаѓа до уништување на алвеоларните капилари.

Првичните клинички студии покажале дека витаминот Ц може ефикасно да го спречи овој процес.

Според доктор Рон Ханингејк витаминот Ц е неверојатен лек за инфекции. Овој лекар смета дека традиционалната медицина го занемарува овој лек од едноставни причини, бидејќи тој е само обичен витамин, иако всушност е моќен антиоксидант кој ги елиминира патогените кога ќе се земе во големи дози.

Овој доктор е убеден дека витаминот Ц ќе се искористи и во лекувањето на коронавирусот, со оглед на тоа што со него успешно се лекува сепсата – пренесува Econet.ru.

Да се потсетиме: ВИТАМИН Ц

Витаминот Ц е растворлив во вода и неопходен е за нормален раст и развој.

Преостанатите количини на витаминот го напуштаат телото преку урината. Тоа значи дека е потребно негово континуирано снабдување преку исхраната.

Извори од храната

Сите овошја и зеленчуци содржат одредени количини на витамин Ц.

Овошје со највисока содржина на витамин Ц:

  • Агруми и сокови, како на пример портокал и грејпфрут
  • Киви
  • Манго
  • Папаја
  • Ананас
  • Јагоди, малини, боровинки, брусница
  • Лубеница

Зеленчук со највисока содржина на витамин Ц:

  • Брокула, прокељ, карфиол
  • Зелена и црвена пиперка
  • Спанаќ, зелка, репка и други лиснати зеленчуци
  • Благи и бели компири
  • Домати и сок од домати
  • Зимска тиква

Најдобри извори на витамин Ц се свежо овошје и зеленчук.

Функција

Витаминот Ц е потребен за раст и репарација на ткива во сите делови на телото. Тој се користи за:

  • формирање на важен протеин што се користи за изградба на кожата, тетивите, лигаментите и крвните садови
  • зацелување на рани и формирање на лузназа
  • репарација и одржување на `рскавицата, коските и забите

Витаминот Ц е еден од многуте антиоксиданси и тој блокира некои од оштетувањата предизвикани од слободните радикали. Ова може да го намали ризикот за рак и можеби дури и да го забави процесот на стареење.

  • Слободните радикали се создаваат кога вашето тело ја разградува храната или кога сте изложени на чад од тутун или зрачење.
  • Создавањето на слободните радикали со текот на времето е во голема мера одговорно за процесот на стареење.
  • Слободните радикали може да играат улога во настанувањето на ракот, срцевите болести и одредени состојби, како што е артритисот.

Телото не е во можност само да произведува ниту да складира витамин Ц. Затоа е важно во дневната исхрана да се вклучат многу намирници кои содржат витамин Ц.

  • Витаминот Ц го скратува времетраењето на обичната настинка и таа може да се одвива со поблаги симптоми. За ова да се постигне, витамин Ц треба да се внесе пред да се стекне вирусот на обичната настинка.

Витаминот Ц ги убива сите вируси

Ако страдате од замор, мускулна слабост, болки во зглобовите и мускулите, ако имате крварење на непцата или осип на нозете, тогаш сигурно вашиот организам има дефицит од Витамин Ц.

Како Витаминот Ц ги спречува болестите и ги убива вирусите?

Експертот за Витамин Ц, д-р Томас Леви вели дека тоа е силен оксидант кој по потреба може да додава или одзема од своите електрони. Од друга страна, токсинот, инфекцијата или било кој друг предизвикувач на медицински симптом во телото е резултат на оскидативен стрес , односно, недостаток од електрони. Ова е многу едноставно објаснето- ако на телото му недостигаат електрони- тоа ќе се разболи.

Ова е најлесниот начин да се разбере зошто здравата исхрана богата со овошје и зеленчук (содржат големи количини витамин Ц) –  ни помага во спречување на болестите. Консумирањето на доволно антиоксиданси и витамин Ц, ги спречува сите воспаленија кои би можеле да настанат и да се развијат во некоја дегенеративна болест, вкучувајќи го и ракот.

Виаминот Ц може да го прочисти телото од олово, да ги убие канцерогените клетки и многу повеќе

Според работата на Линус Паулинг Институтот, терапијата со витаминот Ц се покажа како многу ефикасна во лекувањето на многу болести, вклучувајќи го и ракот. Општо земено, Линус Паулинг препорачува како превенција да се јадат секојдневно големи количини овошје и зеленчук со кои би се обезбедиле околу 200 мг витамин Ц дневно.  Доколку станува збор за некоја хронична болест, оваа количина треба да се зголеми.

Истражувањата покажале дека и минималната доза од 10 мг дневно може да го елиминира скорбутот. Природно, потешките болести бараат поголеми количини од витамин Ц, но главната поента е дека болестите како што се коронарна срцева болест, дијабетес, гихт, висок крвен притисок и мозочен удар, може да се третираат со витамин Ц- терапија.

Претходна статијаВо иднина ќе се користат кучиња за да се детектираат оние заразени од корона кои немаат симптоми
Следна статијаКолку тешко ќе се разболиме зависи од количината на вирусот кој ќе го примиме при заразувањето