-Во зависност колкава количина од вирусот е внесена во крвта на пациентот, може да се предвидат понатамошните симтоми-

Како коронавирусот се однесува во секој пациент?

Свесни сме колку коронавирусот направи штета низ целиот свет. Се заразија многу, а лек сè уште нема. Се заразија многу млади луѓе, а беше познато дека ризична група се постарите и хроничните болни.

Прашањето е како коронавирусот се однесува ВО секој пациент?

Повеќето епидемиолози со оглед на недостатокот на податоци се принудени да го моделираат ширењето на коронавирусот како бинарен систем, дали поединците се изложени или неизложени, заразени или незаразени, дали покажуваат симптоматски или асимптоматски симптоми.

Неодамна Вашингтон објави впечатлива симулација во која луѓето од еден град беа прикажани како точки кои се движат слободно во вселената –  неинфицираните беа бележани со сива боја, заразените со црвена (а откако ќе стекнат имунитет стануваат розови).

Секој пат кога црвената точка од симулацијата ќе ја допре сивата точка, тоа значи дека доаѓа до пренесување на инфекцијата.

Па така, без никаква надворешна интервенција во смисла на превентивни мерки, целото поле од точки за кратко време се претвора од сива во црвена боја.

Од друга страна, беше поставена иста таква симулација, меѓутоа со присутна интервенција, односно, со присутно социјално дистанцијарње и изолацијата. Во оваа симулација точките не се удираат едни во други и го забавуваат ширењето на црвената боја низ екранот.

Ова е претставувањето на вирусот кој денес зрачи низ популацијата, ако се погледне од птичја перспектива.

Млад дипломиран студент, обучен за вирусна имунологија, сакал да дознае што се случува ВО точките на симулацијата. Колкава количина на вирус постои во таа црвена точка? Колку брзо се пренесува од една на друга точка? Колку долго црвената точка останува црвена и како се менува вирусот кај пациентот со текот на времето? И секако, каква е тежината на болеста во секој случај?

Направена е споредба кај пациенти кои се позитивни на ХИВ-вирусот.

Во деведесеттите години, истражувачите мереле колкава количина од ХИВ-вирусот е присутен во крвта на заразениот. Кај некои пациенти, после инфектирањето, бројот на вирусни честички се искачил до врвот, односно до највисоката точка. Пациентите со највисок процент на вирус во крвта се разболувале порано и имала најмала отпорност на вирусот.

Оттука произлегува дека луѓето со висока поставена точка на тенденција напредуваат побрзо и покажуваат симптоми, а оние со ниска поставеност се покажуваат како бавни напредувачи. Секако, секој вирус има своја сличност, но слични модели се забележани кај други вируси. Во овој случај ХИВ и КОВИД19 се РНК вируси.

Сепак постои уште еден начин на пренесување и заболување: имунолошкиот одговор на домаќинот. Вирусен напад и одбрана на имунолошкиот систем се две спротиставени сили, постојано во судир.

Рускиот имунолог Илија Метчников го замислувал овој феномен како тековна битка помеѓу микробите и имунитетот. Оттука произлегува прашањето дали поголема вирусна доза резултира со потешка болест?

Истражување на дозата на коронавирусот може да се каже колку ќе биде сериозна клиничката слика. Односно, во зависност колкава количина од вирусот е внесена во крвта на пациентот, може да се предвидат понатамошните симтоми.

Затоа пациент од 20 годишна возраст кој е сосем здрав може да покаже посериозна клиничка слика отколку пациент во 40 годишна возраст. Сепак останува фактот дека ризична група се постарите и хроничните болни. Зошто е тоа така?

Како за пример ќе ги земеме постарите, да речеме тие се здрави, но според возраста имунолошкиот систем не се брани како во младите години. Кога вирусот во одредена доза ќе нападне, имунолошкиот систем на човекот напаѓа со сите сили што дури може самиот на себе да си наштети.

Имунолошки тоа не е изненадувачки. Секако ако вашиот имун систем е во состојба да се бори против вирусната репликација, неизбежни се генетиката, возраста и другите показатели на имунолошка компетентност. Во овој случај ќе се развие пониска клиничка слика.

Соочен со помал предизвик, имунолошкиот систем може да има поголема шанса да го контролира патогенот. Проблемот е во тоа што почетната доза е скоро невозможна да се открие, поради тоа што некое лице знаете дека е заразено откако ќе покаже симтоми. Критичниот момент на заразување веќе поминал!

Но, истражувачите кои работат на пронаоѓање на вакцина откриваат необично решение. Тие ја испитуваат почетната доза со која вирусот напаѓа и понатамошното количество на секрет во белите дробови кое се создава.

Тие веруваат дека постои поврзаност. Како тоа се одвива? Земени се орални брисеви на пациенти кои развиле симптоматска клиничка слика и оние со асимптоматска. Првично беше објавено дека оваа студија може да ги спреми лекарите, доколку се обезбедат доволен број на брисеви и луѓето се испитуваат уште пред да почувствуваат симптоми, а биле во контакт со некој заразен. Тестот се спроведува со недели, а резултатите покажуваат колку сериозна ќе биде клиничката слика.

Второто прашање е: Што е со здравствените работници кои работат со оскудна медицинската опрема?

Овие параметри би можеле лесно да се измерат со лесно достапни и прилично евтини лабораториски методи. Замислете го двостепениот процес, идентификување на заразени пациенти, а потоа мерење на вирусните оптоварувања од респираторните секрети.

Помеѓу овие пациенти постојат значителни разлики во секретот, па така медицинската нега и лекување би можеле да ги поделат пациентите. Вредноста на квантитативниот пристап се однесува и на клиничките студии. Клиничките испитувања со лекови се секогаш поинформативни кога се спроведуваат на оние кои не покажуваат симптоми.

Како за крај, епидемиологијата потекнува од зборовите епи и демо што значи над народот. Тоа е наука за многу науки. Сепак таа работи најефикасно кога соработува со медицината. За да се победи коронавирусот потребно е да се следи текот помеѓу популацијата и да се измери текот на развојот на болеста кај еден пациент. Статистички не е возможно да се измери текот на вирусот кај сите заболени. Ако правилно се измери кај еден заразен, истото ќе важи за многумина.

За НМД.мк текстот го приготви Мартина Христовска