Фото и рецепт: Violeta Joveska Nikcevska

Торта за нашите европски шампиони во ракомет Handball champions in Europe 2019)

Потребни состојки:

4 јајца
300 г шеќер
3 ванилин шеќер
250 г брашно
2 прашок за печиво
200 г ладна вода
100 г какао
100 г шеќер
100 г мелени ореви
100 г ладна вода

Постапка:

Се матат 4 јајца со 300 г шеќер, па се додаваат 3 кесички ванилин шеќер, 250 г брашно, 2 прашок за печива и 200 г ладна вода.

Од добиената смеса половината и малку повеќе се излева во намастен и набрашнет плех или обложен со хартија, па се пече 10-тина минути во рерна на 200 степени.

Во остатокот од смесата се додава 100 г какао, 100 г шеќер, 100 г мелени ореви, 100 г ладна вода.

Се меша за да се изедначи и се излева врз запечената кора, па се допекува 30 минути на 200 степени.

За фил:

150 г путер
2 жолчки
200 г шеќер
3 ванилин шеќер

Сите состојки се топат на оган или пареа само колку да се растопи но да не се сварат жолчките.

Готовата кора се превртува наопаку и се вади хартијата за печење.

На тој начин темниот дел доаѓа најдолу.
Одозгора врз пандишпанот рамномерно се распоредува топлиот фил. Се декорира по желба.

Од двете белки можете да изматите цврст снег во кој потоа се додава шербет направен од три лажици шеќер и вода колку да се покрие.

Шербетот се додава капка по капка додека се мати домашниот шлаг. Се украсува со сезонско овошје.

Фото и рецепт: Violeta Joveska Nikcevska