Со овој магичен ХОРМОН НА РАСТ цвеќињата и сите билки оживуваат веднаш и растат како луди!

Можеби мислите дека насловот е сензационалистички, но не е така – навистина постои природен хормон на раст од кој резниците, поткастрените гранчиња кога еднаш ќе бидат натопени во него, растат како луди и веднаш пуштаат коренчиња.

Всушност, станува збор за врбин сок, или чај од врба, како сакате, бидејќи врбата содржи концентрација од овој природен хормон за растење. Во продолжение на текстот прочитајте го рецептот за извлекување на овој хормон од врбините гранчиња.

Врбата е богата со фитохормони или ауксини, растителни хормони кои се создаваат во врвчињата на стеблата, корењата и гранчињата.

ситно исечкани врбини гранчиња

Тие го овозможуваат растот на коренот (ризогенеза), кај вегетативното размножување, влијаат врз растот и развојот на билките на интензивно цветање, регулираат различни физиолошки процеси на ‘ртење на семето, па до созревање на плодовите.

Врбата содржи и салицилна киселина која спречува разни бактерии и штетници, го зајакнува имунолошкиот систем на билката која е полевана со врбин сок.

Сокот од врба е природен, еколошки хормон на раст кој го забрзува закоренувањето на билките кои сакаме да ги размножиме по вегетативен пат.

врбини гранчиња во вода – се оставаат 24 часа, па се процедуваат

Освен што помага за побрзо окоренување на резниците, овој сок може да се користи за полевање на нашите омилени билки.

Овој сок или чај, потребно е правилно да се приготви за да се извлечат фитохормоните. Сигурно сите вие што веќе сте клонирале растенија, ја знаете постапката за добивање на квалитетен врбин сок. Многу е едноставно, но ајде да објасниме и за оние кои не знаат.

процедување на врбин сок

Се берат околу 200 гранчиња млади врбови гранки, може и една чаша млади ливчиња. Се сечкаат ситно, на околу 2-3 см должина, па се преливаат со провриена и изладена вода, да биде млака. Не ги залевајте со врела вода, туку кога ќе биде млака.

Тоа е се’. Се поклопува и се остава да отстои 24 часа, па потоа се процедува – добивате течност со жолтеникава боја како чај – тоа врбин сок преполн со хормон на растот, односно фитохормони.

Овој сок е добар и кај човекот за заздравување на рани и лузни, а ако го испиете ќе ви делува како лаксатив.

Врбата припаѓа на фамилијата Salicaceae, на родот Salix, на кој му припаѓаат околу 350 видови низ целиот свет. Има машки и женски цветови, расте на влажно тло, покрај реки, бари, потоци, канали и покрај рабовите на шумите.

РЕЦЕПТ ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ПРИРОДЕН ХОРМОН ЗА РАСТ

Потребни состојки:

100 г врбини млади гранчиња

500 мл вода

Постапка:

Исечкајте ги ситно врбините гранчиња, со должина од околу 2 см. Прелијте ги со млака вода, затворете и оставете 24 часа. Потоа процедете и складирајте во стаклен сад. Течноста богата со хормонот на раст се чува во фрижидер максимум до еден месец.

Употреба: во добиената течност се ставаат разни резници, гранчиња од билки што сакаме да ги клонираме/размножиме. Во зависност од билката се оставаат од неколку часа до еден ден, но најдобро е да ги оставите 24 часа.

Откако гранчето отстојало во оваа течност, посадете го во влажен супстрат или песок, па прекријте го со најлон или пластично шише исечено на врвот (за да имитирате стаклена градина).

Можете гранчето и да го оставите да пушти коренчиња во оваа течност, па потоа да го насадите, а со преостанатата течност можете да го полевате.

магичен прав- хормон на растот

РЕЦЕПТ ЗА ПРИРОДЕН ПРАВ ОД ХОРМОНОТ НА РАСТ

Врбините гранчиња ситно исечкајте ги и оставете ги на топло место, под сенка да се исушат. За да го забрзате овој процес можете да ги сушите во рерна, но на температура да не е повисока од 60 степени. Гранчињата се суви кога ќе пукаат под прстите како што се ронат соленки.

Сувите гранчиња сомелете ги во блендер или мелница, а правот просејте го и чувајте го во стаклена тегла. Употреба: Гранчето се натопува во правот, 2-3 см, и потоа се сади.

Погледнете го видеото: