Пролетна сарма од лозов лист

Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ

Најубавото пролетно јадење комбинирано со кисело млеко.

Потребни состојки:

Loading...

1 кг мелено месо
1 главица кромид
1 шолја ориз
1 прстохват оригано
1 лажичка мелен црвен пипер
40-тина лозови листови (чувани во бело вино)

Постапка:

Се берат чисти, непрскани листови и се попаруваат во врела вода со малку сол. Листовите се оставаат на решетка да се исцедат, а за тоа време се приготвува месото.

Се запржува сечкан кромид во малку масло, па се додава меленото месо и се зачинува. При крај кога местото ќе ја смени бојата се додава малку ориз и цвен пипер.

Со лажичка се црпи од смесата и се става врз листот. Се преклопува од страните и се витка сармата.

Сармите се редат во намастена тава и се налеваат со вода (може и малку бело вино).

Се пече во рерна на 180-200 степени околу 2 часа полека да крчка додека да омекне листот, а на крај се попарува со врело масло и црвен пипер.

Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ

Loading...