Торта за 10 минути: без готвење и печење

Потребни состојки:

250 г мелени бисквити

200 г мелени ореви или пченични никулци

1 литар и 250 мл млеко

5 кесички шлаг

4 кесички инстант сладолед од ванила

4 кесички инстант сладолед од чоколадо

Тортата се приготвува само со миксер, нема потреба од печење ниту готвење.

Постапка:

(На две места поделете го млекото по 400 мл, во секое за матење на сладоледите, а на трето место ставете околу 450 мл во кои се матат 5 кесички шлаг, па потоа се додаваат мелените бисквити и ореви.)

За кора: пенасто се матат 5 шлага во 450 мл млеко. Потоа со лажица се додаваат мелените бисквити и ореви, се меша добро и се добива густа леплива смеса од која се формира кората.

Смесата се истура врз пластична тацна или соодветна површина, се формира со помош на раце и лажица во правоаголник и се остава 10-тина минути во фрижидер да се стегне.

За тоа време во посебни садови се матат сладоледите од ванила и чоколадо. За секое ви се потребни по 4 кеси инстант сладолед  и околу 400 мл млеко.

Врз кората прво се нанесува чоколадниот сладолед, се израмнува, а потоа и сладоледот од ванила. Одозгора се наросува со шарени трошки или по ваш вкус.

Доволни се само уште 10-тина минути во фрижидер да излади, па тортата може да се сече.

Ова е најбрзата торта која можете да ја приготвите за ненајавени гости.

Претходна статијаЌе ве спаси од многу проблеми: лек за штитна жлезда
Следна статијаПита со сирење која се топи во уста…па не сте пробале ваква досега