Торта со готови штрудлички и овошје – брзо и лесно се приготвува, а од вкусот ќе бидете презадоволни

Тортата има префин вкус, а можете да ја правите со овошје или без овошје. Тоа е по ваша желба. Вкусот на штрудличките исто така со го одбирате сами. Може да бидат со јагоди како во видеото подолу или со шумско овошје или со смокви. Пробајте, ќе бидете презадоволни.

Потребни состојки за фил:

650 мл млеко
4-5 лажици шеќер
2 пудинг од ванила
150 г путер или маргарин
100 г шеќер во прав

и уште:

100 мл газиран сок од портокал
480-560 г штрудлички со вкус по желба
150-200 г свежи јагоди (или по желба)
150 г шлаг пена (изматено според упатството)
250 мл газирана вода или млеко
за декорација: јагоди, чоколадо…

Постапка:

На оган ставете половина литар млеко додадете 4-5 лажици шеќер. Посебно промешајте 150 мл млеко со две кесички пудинг од ванила и добро промешајте за да нема грутчиња.

Во зовриеното млеко постепено додадете ја смесата од пудинг и постојано мешајте додека да се згусне. Сварениот пудинг префрлете го во друг сад, покријте го со фолија и оставете го целосно да излади.

Пенасто изматете 150 г путер (или маргарин) исечкан и омекнат на собна температура, заедно со 100 г шеќер во прав. Изладениот пудинг, исто така пенасто изматете го со миксер. Потоа постепено додавајте го во путерот и со постојано матење соединете ги во фин крем.

Готовите штрудлички натопувајте ги кратко во 100 мл газиран сок и редете ги во калапот за торти или плех со средна величина. Потребни ви се околу 24-28 штрудлички или 480-500 г, во зависност од обликот кој сакате да го правите. Па така, можете да обликувате:

a)1.ред 4х3 штрудлички – 2.ред 4х3 штрудлички, а тоа се 24 штрудлички или 480 г.
б)1.ред 3х5 штрудлички – 2.ред 3х4 штрудлички, тоа се 27 штрудлички (во видеото)
в)1.ред 4х4 штрудлички – 2.ред 4х3 штрудлички, а тоа се 28 штрудлички или 560 г.

Врз наредените штрудлички нанесете една третина од филот и убаво распоредете. Врз филот нанесете исчистени и исечкани јагоди, приближно 150-200 г. Тортата може да се прави и без јагоди, нив ги ставате по желба.

Врз јагодите нанесете ја втортата третина од филот и повторно убаво распоредете. Потоа наредете штрудлички натопувани во газиран сок. Врз нив распоредете го остатокот од филот.

Изматете 150 г шлаг пена со 250 мл газирана вода (или млеко) и премачкајте ја целата торта. Одозгора декорирајте со свежи јагоди, чоколадни трошки или по желба. Изладете пред сервирање.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото:

Претходна статијаТри старински јадења од коприва: Го јакнат железото, го јакнат целото тело
Следна статијаСтомакот ви е подуен и преполн со гасови? Свиткајте ги нозете во оваа положба (видео), ќе се препородите