Доколку имате проблем со гасови и подување на стомакот, пробајте ја оваа јога-вежба која ќе го препороди вашето тело. Супта Павана Муктасана е јога вежба која уште се нарекува лежечка положба против гасови и подуен стомак.

Важно е во текот на оваа вежба да ги синхонизирате движењата, да се сконцентрирате и правилно да диешете. Оваа вежба поттикнува и го балансира функционирањето на дигестивниот систем, особено на тенкото и дебелото црево, црниот дроб и панкреасот.

Вежбата дава одлични резултати кај проблеми како што е подуен стомак и создавање на гасови. Ја забрзува циркулацијата на крвта во целото тело. Погледнете што треба да се направи:

-легнете на грб со испружени нозе, опуштен врат и рамења и раце испружени покрај телото.

-потоа подигнете ја десната нога свиткана во колено, опфатете го коленото со двете раце и приближете го колку можете кон телото.

-Останете некое време во оваа положба, а потоа обидете се горниот дел од телото да го подигнете. Не го виткајте вратот за да не го повредите, туку само подигнете го градниот дел.

-приближете ја главата кон коленото и по можност со брадата допрете го. Задржете се во оваа положба некое време, а потоа полека вратете се во првобитната положба.

-истата постапка повторете ја и со левата нога.

-Потоа двете нозе подигнете кон телото, свиткани во колената, со рацете опфатете ги и притиснете ги кон телото.

-Подигнете го предниот дел нагоре и обидете се брадата да ја допрете до колената, не го свиткувајте вратот за да не го повредите. Задржете се малку во оваа положба.

-Полека спуштете ја главата и предниот дел од телото, а по некое време спуштете ги и нозете во првобитната положба.

Целата вежба можете да ја погледнете во видеото: