ТОРТА СЕДМО НЕБО…Кокос, ореви, крем од ванила…Без трошка брашно, еден од најубавите десерти…Кога ќе ја пробате оваа торта, ќе дознаете зошто е наречена „седмо небо“…вкусот таму ве води…Рецепт на Лола. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
БЕЛА КОРА:
5 белки
180 г шеќер
200 г шеќер
ЦРНА КОРА (материјал за 2 кори):
8 белки
240 г шеќер
250 г мелени ореви
1 лажица какао во прав
ФИЛ:
13 жолчки
200 г шеќер
100 г бело чоколадо
250 г путер
1 лажица екстракт од ванила
ПОСТАПКА:
ЦРНА КОРА: Белките пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќерот додека целосно да се растопи и да добиете многу цврст снег. Додајте ги мелените ореви помешани со какао и мешајте со шпатула додека сето да се изедначи.
Смесата поделете ја на половина, распоредете ја во тепсија 23х30 см и испечете 2 кори во загреана рерна на 180 степени.
БЕЛА КОРА: На ист начин испечете ја и белата кора со кокосот, но за неа веднаш намалете на 150 степени и печете ја додека почне малку да се одвојува од плехот, но да остане бела.
ФИЛ: Со миксер изматете ги жолчките со шеќерот додека тој да се растопи, па ставете на вареа и гответе 15-тина минути со непрекинато мешање. Додајте го чоколадото да се растопи па оставете да се олади до собна температура.
Оладениот крем изматете го со миксер и постепено додајте му го путерот, исто така омекнат на собна температура.
РЕДЕЊЕ: црна кора, фил, бела кора, фил, црна кора. Декорација со шлаг или малку фил ако ви остане, колку да омекне кората и посипете облично кокос. Оставете преку ноќ во фрижидер убаво да се стегне.