Интересот за популарната „Nesquik“ торта никогаш не бил поголем, ја бараат за разни прослави, родендени, годишнини… супер е.

Секоја недела некој ме прашува за рецептот, кој патен е одличен и многу лесен“, вели Наташа во нејзината презентација и вели дека сите заинтересирани треба да си го запишат. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ За кафеава кора: 5 белки, 60 г шеќер, 1 кесичка чоколаден пудинг (40 г). За жолта кора: 5 белки, 60 г шеќер, 1 кесичка пудинг од ванила (40 г). За бела кора: 5 белки, 60 г шеќер, 40 г скроб/нишесте/густин

За крем: 15 жолчки, 130 г шеќер, 250 г брашно, 1 литар млеко, 370 г маргарин или путер, 300 г Несквик, 300 мл шлаг. За декорација: 500 мл слатка павлака за шлаг, несквик или чоколаден прав

ПОСТАПКА: Најпрво пригответе го кремот за да има време да се олади. Одвојте 15 жолчки (а белките распоредете ги по 5 во 3 различни садови) во подлабок сад и додајте 130 г шеќер. Изматете додека да добиете кремаста структура.

Потоа додајте 250 г брашно и 200 мл млеко, па продолжете со матење. Сипете го остатокот од млекото во едно тенџере и ставете на оган да се свари. Штом ќе зоврие тргнете го настрана, сипете ја смесата и вратете на оган.

Мешајте непрекинато додека да згусне. Кога ќе ја постигне посакуваната густина, тргнете го настрана и додајте го несквикот. Мешајте додека да се растопи и изедначи. Сипете го кремот во посебен сад, прекријте го со проѕирна фолија и оставете да се лади.

За кафеава кора: пенасто изматете 5 белки. Постепено додавајте 60 г шеќер и матете непрекинато додека да добиете цврст снег кој не паѓа кога ќе се преврти садот. Потоа додајте ја содржината од 1 кесичка пудинг (чоколадниот прав, најдобро низ сито или цедалка) и промешајте рачно за да остане смесата пенлива.

Распоредете во калап за торти 28 см и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути. Внимателно отстранете ја печената кора од обрачот на калапот и оставете ја настрана да се лади.

За жолтата кора: постапката повторете ја исто како и за кафеавата, само наместо пудинг со вкус на чоколадо, ставете пудинг со вкус на ванила. За белата кора користете чист скроб (нишесте/густин). Печените кори оставете ги да се оладат.

Кога сварениот крем ќе се олади на собна температура, отстранете ја фолијата и изматете го. Додајте го путерот (претходно омекнат на истата собна температура) и заедно изматете ги додека да се соединат. Во посебен сад изматете 300 мл слатка павлака во шлаг.

РЕДЕЊЕ: Врз десертна чинија поставете го обрачот и првата, кафеава кора. Распоредете 1/3 крем, а врз него 1/2 шлаг. Одозгора ставете ја жолтата кора, распоредете жолт крем, па шлаг.

Одозгора ставете ја белата кора и одозгора распоредете ја последната третина од кремот. Тортата оставете ја во фрижидер најдобро преку ноќ, а следниот ден декорирајте ја со шлаг од изматена 500 мл слатка павлака (површината и страните). Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.