Стареењето е неизбежен процес како и појавата на бели влакна во вашата коса. Тоа е нешто од што сите најмногу се плашат (покрај појавата на брчки), но за жал, не можеме да го избегнеме.

Кога жените почнуваат да забележуваат бели влакна во косата, обично веднаш посегнуваат по боите за коса во обид да ги скријат.

Меѓутоа, на овој начин ја изложуваме косата на разни видови хемикалии и на тој начин можеме да направиме поголема штета на косата, наместо да го решиме проблемот.

Дали постои природно и ефикасно решение кое гарантира резултати без штетни несакани ефекти. Одговорот е да! Ако не во целост кај секој тип и боја на коса, сепак може да помогне значително да ги покрие или „маскира“ белите влакна.

Една вообичаена намирница од вашата кујна е одлична за овој проблем. Тоа е компирот кој може да ви помогне да го стопирате процесот на побелување и да ја вратите природната боја на косата.

Неговата ефикасност дури ја потврди и д-р Ентони Уна, кој вели дека ова е најефективното природно решение против седата коса. Повеќе за ова напиша Huffpost ОВДЕ. Процесот на подготовка е многу едноставен:

Сè што е потребно е да сварите кора од неколку компири во тенџере со вода и да ја оставите 30 минути. После тоа, водата процедете ја, оставете малку да се излади и измијте ја косата со оваа течност.

Повторете ја постапката неколку пати и наскоро ќе ги забележите резултатите. Следно прочитајте: „Не фрлајте ја водата во која се варел компир: неверојатна е за здравјето, лекува проблеми со стапалата“ – ОВДЕ.