Со само 3 многу моќни состојки пригответе напиток кој ќе ги исчисти плаките од крвните садови, а ќе ви помогне и да ослабете неколку вишок килограми.

Потребни состојки:

2 лимони непрскани, со кора
1/2 чаша (од 250 мл) ѓумбир, рендан или ситно сечкан
1/4 чаша лук, истолчен или ситно сечкан
1 литар вода

Постапка:

Лимонот исечете го на тркала и заедно со другите состојки ставете го во блендер. Миксајте додека да се изедначи смесата.

Доколку немате моќен блендер, тогаш сомелете го во машина за мелење месо.

Водата ставете ја на оган да зоврие.
Потоа додадете ја смесата од лимон, ѓумбир и лук и оставете да се готви 5 минути.

Потоа тргнете на страна и оставете 10-тина минути да излади.

Пијте по 300 мл наутро на гладно, два часа пред оброк. Остатокот чувајте го во фрижидер. Напитокот пијте го 2 седмици, направете пауза од една седмица па повторете ја постапката.

Како делува?

Ѓумбирот го подобрува кардиоваскуларното здравје.
Многу студии ја докажуваат ефикасноста на ѓумбир за намалување на нивото на холестеролот во артериите.

Причината лежи во високата содржина на антиоксиданти во корените на ѓумбирот.
Во оваа прекрасна корен-билка се содржат супстанции кои дејствуваат како антикоагуланти.

Тие ги прошируваат ѕидовите на крвните садови по природен пат и на тој начин го  олеснуваат преминот на крвта низ нив. Така циркулацијата се подобрува, а со него и работата на сите важни органи.

Лимонот содржи високо ниво на витамини Ц и Е со што се придонедува намалување на ЛДЛ холестерллот за 20-30%.
Пектинот што се содржи во пулпата, исто така го намалува холестеролот за 11%.

Лукот го намалува крвниот притисок како и нивото на холестерол во крвта. Покрај тоа, го спречува згрутчувањето на крвта.
Лукот го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања и инфаркт дури за 50%.

Лукот содржи многу состојки со антиканцерогено дејство што значи дека ја спречува појавата на рак.