ТОПОЛ ПОЈАДОК ЗА 15 МИНУТИ…Само 3 состојки за овие многу вкусни и меки уштипци…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 крупни јајца
500 г цврст јогурт (или кисела павлака)
500 г брашно помешано со
1 кесичка прашок за печиво и малку сол (мала лажичка)
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад рачно изматете ги јајцата, додајте го цврстиот јогурт и изедначете. Посолете по вкус, а потоа просејте го брашното помешано со прашок за печиво. Во подлабок сад ставете да се загрева длабоко масло на умерена температура.
2.Ова тесто е меко и лепливо, па затоа се меша со лажица, не се меси со раце. Убаво измешајте го, да нема грутчиња.
3.Земете една супена лажица и натопете ја во врелото масло, па црпнете во тестото и спуштете го во маслото да се пржи.
Пржете по 3-4 минути од двете страни додека убаво да заруменат. Доколку е потребно од јачина 4 (од вкупно 6), појачувајте на 5, па повторно намалувајте на 4.
4.пржените уштипци вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка. Постапката погледнете ја ОВДЕ.