Оваа тинктура за обновување на видот помага при лекување на заболувања на очите како што се глауком, катаракта, солзење, миопија, хиперопија и друго.

Рецептот е едноставен и многу ефикасен, го имам испробано врз себеси кога видот почна да ми се намалува, па почнав да се подложувам на лекарски преглед секоја година.  Овој лек и помогна на мојата 75 годишна мајка. Ова е навистина еден одличен рецепт.

Пред две години, за жал доста доцна, забележав дека десното око целосно и е покриено со белузлав слој, а на левото око речиси ништо не гледаше. Лекарите рекоа дека има катаракта.

Мајка ми никогаш ми се немаше пожалено и затоа не знаев дека има проблем. За првпат забележав кога излезе на балконот да ме испрати, а таа не ми возврати на мојот поздрав.

Следниот пат кога појдов да ја посетам мојата мила мајка, ја погледнав поблиску во очите и видов дека нешто не е во ред. Му се јавив на брат ми и веднаш ја одведовме на лекарска консултација.

Лекарот рече дека левото око и е зафатено со катаракта и глауком, а десното дека во голем степен е веќе слепо. И препиша капки за двете очи, за десното да не ја боли а за левото да се спаси и тоа да не ослепе. Но како ли сама ќе си ги става тие капки? Започнав јас редовно да и ги ставам, но не и помагаа.

Станував очаен, па почнав да читам многу статии за здравјето на очите и секакви народни рецепти. Се изненадив од позитивните коментари под еден рецепт, па веднаш и јас го направив: тинктура од корен од каламус (иѓирот) и невен (се продава во аптека).

И таа започна да пие од тинктурата. За една година испи три шишенца од 500 мл. Резултатите беа одлични и затоа го споделувам ова со вас: Белото од десното око целосно исчезна, но и онака ова око веќе и беше ослепено, но од левото око почна да гледа многу подобро. Секојпат ја проверував кога и мавтав за довидување.

На мое големо изненадување, овојпат и таа ми мавна. Каков благослов беше тоа за мене и неа! Па таа започна да гледа со едното око. Морав да проверам дали навистина гледа: прво и мавнав од близу, па постепено почнав да се оддалечувам, а таа се смееше “Гледам, како не гледам”.

Многу сум му благодарен на човекот којшто го напишал тој рецепт! Еве го, и јас го споделувам со вас.

Потребни состојки:

1 рака корен од иѓирот (каламус, лат. Acorus calamus)
1 рака цвет од невен
500 мл водка

Постапка:

Состојките се мешаат и се затвораат во стаклено шише или тегла. Тинктурата се остава 12 дена на темно место со повремено протресување, а потоа може да се користи. Може но, не мора да се процеди.

Употреба: Се пие по една чајна лажичка трипати на ден, 20-30 минути пред оброк. За цел третман треба да испиете 4 дози.

Тинктурата колку подолго стои толку е полековита и затоа јас не ја процедувам. Една доза е доволна за два месеци, по што се прави пауза од еден месец, па се продолжува со нова доза.

Мајка ми од шишенцето си излева во капачето и така пие, зошто вели потешко и оди со лажичката зошто и се истура. Оваа тинктура и го подобри и општото здравје. Освен што и се подобри видот, исто така и се подобри и слухот, а ги прочистува и крвните садови и и’ се врати општата виталност.

Рецептот не е скап и достапен е за секого, секој може да го направи. Бидете здрави.