Фото и рецепт: Нусрета Отајагич Бешлија

Лебот има совршена текстура, мек е како душа, убаво се сече. Му дава неописна арома, мекост и вкус… Освен рецептот 1 на Нусрета, можете подолу да прочитате и рецепт 2.

Потребни состојки:

700 г брашно, можеби помалку
3 лажички сол
2 лажички шеќер
3 лажички квасец
со малку млака вода

Постапка:

Со млака вода се замесува средно меко тесто, да не е ниту премногу меко, ниту премногу тврдо. Потоа тестото се остава покриено на топло место за да стасува додека да се удвои, околу половина час. Потоа уште еднаш се премесува и се остава да стаса повторно.

Листовите од зелка се мијат, се намастуваат со малку масло и се редат на дното од тепсијата. Од тестото се формира топка на набрашнета површина и се спушта врз листовите од зелка. Одозгора се обложува со други листови.

Се остава да стасува уште некое време, а потоа се пече во загреана рерна на 250 степени половина час.

Фото и рецепт: Нусрета Отајагич Бешлија

РЕЦЕПТ 2 – леб печен во листови од зелка

Потребни состојки:

1 кг брашно
50 г квасец
2 лажички сол
1 лажичка шеќер
300 мл млеко
200 мл вода
2 супени лажици маслиново масло
2 големи листови зелка за обложување на тестото.

Постапка:

Во брашното додадете го претходно активираниот квасец, маслиново масло, сол и замесете со мешавина од млеко и млака вода. Оставете да стасува околу еден час. Премесете го и оставете го уште 15-20 минути да одмори.

Потоа обликувајте го лебот и ставете го врз лист од зелка, а со другиот лист поклопете го. Повторно оставете го малку да стаса, а потоа ставете го загреана рерна на 200 степени да се пече околу 35 минути. Печениот леб извадете го малку да подизлади. Отстранете ги листовите кои сами отпаѓаат и уживајте во вкусот.