Тиквичките никогаш не сте пробале на овој начин! Ги правам неколку дена по ред, не можеме да престанеме да ги јадеме – ​​пробајте ги и вие! Сите го бараат овој неодолив рецепт за тиквички. Брзо и лесно. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 голема тиквичка, 1 компир, 1 мала главица кромид, 2 јајца, 1 чаша (од 200 мл) лебни трошки (презла), 50 г фета сирење

Зачини: сол, црн и црвен пипер во прав, магдонос, 1 чешне лук. Сос: 2 лажици кисела павлака, малку сол и црн пипер, половина лажица оцет или лимонов сок, 1 лажица магдонос и 1 чешне лук по желба

ПОСТАПКА: тиквичката излупете ја и изрендајте ја, а потоа истото направете го и со компирот. Посолете со една мала лажичка сол, промешајте со рака за да се распореди и оставете малку да се ослободат соковите.

Потоа зеленчукот процедете го низ цедалка. Во исцедениот зеленчук додајте две јајца, една чаша лебни трошки, ситно сечкан кромид (помала главица), фета или друго сирење и зачини по вкус.

Потоа додајте ситно сечкано лукче, ситно сечкан свеж магдонос, па сето добро промешајте го или најдобро е да го замесите со рака. По потреба додајте уште малку лебни трошки доколку сметате дека смесата е премногу мека.

Црпете со рака и обликувајте плескавици/ќофтиња со големина по ваша желба и редете ги врз чинија наросена со лебни трошки. Во тава налијте масло за готвење (колку да се прекрие дното) и загрејте го на умерена температура.

Пржете ги тиквичките на умерена температура. Штом ги спуштите во маслото, намалете ја температурата и поклопете ги со капак. Гответе ги на овој начин 5 минути, па штом заруменат од долната страна, внимателно превртете ги.

Пржете ги и на другата страна под капак уште 5 минути. Вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка и послужете ги со вкусен сос. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ФАНТАСТИЧНИ ЌОФТИЊА ОД ТИКВИЧКИ: Однадвор крцкави, однатре сочни, а повкусни од месо“ – ОВДЕ.

ФАНТАСТИЧНИ ЌОФТИЊА ОД ТИКВИЧКИ: Однадвор крцкави, однатре сочни, а повкусни од месо