Семките од тиква се богати со протеини и масни киселини кои помагаат во регулирањето на нивото на холестеролот, штитат од артритис, ги подобруваат мозочните функции и овозможуваат подобар изглед на кожата.

Еден од најубавите украси (и вкусови) на зимата, секако е тиквата!

Освен што можете да ја приготвите на десеттина слатки начини, тиквата може да ви помогне и да си ја подобрите здравствената состојба. Одлична е за мажите, за жените и за децата, а еве и како:

-Богати се со антиоксиданси што значи дека делуваат противвоспалително. Поради тоа, одлични се здравјето на вашите зглобови, органи, за побрзо закрепнување при повреда на мекото ткивото, а помогаат и за полесно поднесување на стресни состојби.

-Поради големите количини на витамин А кои тие го содржат, го одржуваат здравјето на очите од дегенеративни промени и катаракта.

-Високото ниво на витамин Ц го јакне имунитетот и поттикнува производство на колаген, па поради тоа тиквата е одлична за кожата и ја прави блескава и еластична.

-Тиквите се добар извор на влакна, па го штитат телото од токсини и му помагаат правилно да функционира. Особено благопријатно делува на целиот дигестивен систем.

-Содржат доволно каротен кој им ја дава портокаловата боја, а на луѓето им помага да не остарат прерано и спречува појава на кардиоваскуларни болести.

-Семките од тиква се богати со протеини и масни киселини, кои помагаат во регулирање на нивоата на лошиот холестерол, заштитуваат од артритис и овозможуваат здрав изглед на кожата.

-Пулпата (“месото”) од тиквата заедно со семките се богати со магнезиум кој е неопходен за здравје на коските и забите.

-Исто така, тиквата е богата со калиум и цинк кои се клучни во превенција од кардиоваскуларни болести и висок крвен притисок. Цинкот е одличен и за плодност, убава кожа и имунитет.

-Содржи Л триптофан, супстанција која дава навистина добро чувство и расположение.

-Маслото кое се добива од семките на тиквата е одлично за лекување на воспаление на простатата, а превентивно штити од развој на канцерогени промени на простатата.