Фантастичен рецепт: Брза, вкусна и мека погача, готова за само половина час

Рецепт и видео презентација на “Seprica” – Мека погача со кисело млеко.

Одлична погача која е мека како памук, мирисна и вкусна, може да ја приготвите за појадок или вечера, а на вашата трпеза ќе се најде за само половина час.

Потребни состојки:

300 г брашно, 3 јајца, 200 мл кисело павлака, 150 мл млеко, 100 мл масло, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сол

Постапка:

Во подлабок сад ставете брашно, прашок за печиво и сол, па промешајте убаво да се соединат. Додадете ги останатите состојки и убаво промешајте. Нема потреба тестото да го месите, бидејќи тестото е доста ретко, но кога ќе се испече е многу убаво.

Loading...

Тепсијата намастете ја, па излејте го тестото во неа. Подобро користете помала тепсија, а доколку користите поголема тепсија, погачата ќе биде пониска. Рерната вклучете ја да се загрее на 220 степени, а додека таа се загрева тестото малку ќе одмори (10-тина минути).

Одозгора обично наросете ја со сусам. Ставете ја погачата да се пече во убаво загреаната рерна, додека убаво да се зарумени. Печената погача оставете ја 5 минути да се подизлади и можете да почнете да ја јадете.

Послужете ја топла со кајмак, домати, младо лукче… Уживајте во вкусот! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото:

Loading...