Крофните се едни од омилените печива кои најчесто ги јадеме благи, но подеднакво се вкусни и солени. Дечињата ги обожаваат, особено кога се полнети со чоколаден крем кој се разлева во устата при секој залак. Доколку сакате да пробате нешто ново, подгответе ги овие вкусни печива – зајачиња, чие тесто е подобро и од крофните.




Тестото е меко и воздушесто како памук, а однатре се шупливи. Ова е еден вид на бесквасно тесто, затоа не се чека воопшто да отстојува, а печивата не растат премногу во текот на печењето. Обликот на овие печива го оставаме на вас, може да ги вадите со обична или ракиена чаша, како крофни или со модли, како мене. Јас конкретно имав модли во облик на зајачиња, па ќе ги направам за велигденските празници за дечињата да се радуваат. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г грчки јогурт (кварк), 75 г шеќер, 50 мл млеко, 1 јајце, 1 лажичка екстракт од ванила, 100 мл масло, 400 г брашно, 1 пакување прашок за печиво, прстофат сол, 60 г путер. И уште: 75 г шеќер + 1 пакување ванилин шеќер.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад сипете 50 мл млеко кое треба да биде отстојано на собна температура и во него додајте 75 г шеќер. Промешајте со жица или маталка додека шеќерот да почне да се растопува во млакото млеко, па додајте го јајцето (на собна температура) и 1 лажица екстракт од ванила.




Повторно изедначете ги состојките во еднолична смеса, па додајте го грчкиот јогурт кој треба да биде помлак, како останатите состојки, па додајте го маслото и сѐ соединете набрзина во хомогена смеса. Потоа, просејте го брашното (на трипати), измешано со прашокот за печиво.




Соединувајте ги состојките додека течноста да почне да го впива брашното. Посолете со малку сол. Кога смесата ќе почне да се лепи за маталката, преминете на месење со раце. Замесете фино и меко тесто во садот, со превиткување на краевите кон средината на тестото. Тестото треба да биде нелепливо, а доколку се лепи, по потреба додавајте си уште брашно.




Вака замесеното тесто кое многу брзо се соединува, по неколку минути можете да го оставите да одмори 30-тина минути (иако не стасува), а доколку немате време, можете веднаш да почнете со развлекување и вадење на печивата.




Префлрлете го тестото на набрашнета површина и со набрашнета оклагија развлечете го во квадрат или правоаголник, со дебелина од половина прст. Со модли во разни облици или помала чашка вадете ги печивата и редете ги на плех, обложен со хартија за печење. Откога ќе извадите неколку печива, остатоците од тестото премесете ги и потоа повторно развлечете го за да извадите форми и така додека да го потрошите целото.




Печивата премачкајте ги со растопен путер, па печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути, додека да поруменат. По печењето, премачкајте ги со преостанатиот путер и наросете ги со мешавина од гранулиран шеќер и ванилин шеќер. Деталите погледнете ги ОВДЕ.