Многу корисен рецепт кој ќе ве спаси од голема мака – на овој начин во секој миг ќе имате свежо тесто во фрижидерот и по потреба да си вадите онолку колку што ви е потребно. Еден ден пригответе мекици. Друг ден пица, трет ден кифлички…

Никогаш нема да ви здосади со ова тесто. За солени печива ставете сол, а за слатки печива ставете шеќер. Одлично се обликува, па затоа некои го нарекуваат и магично тесто. Рецептот и видео презентацијата се од познатиот канал на ди-го квасец.

Потребни состојки: 200 мл млако млеко, 1 коцка свеж квасец (42 г) или 2 кесички сув квасец, 1 лажичка шеќер, 1 кг брашно (меко), 1 прашок за печиво (10 г), 2 лажички сол (за солено тесто), 2 чаши јогурт (од 180 г), 200 мл млеко и 2 јајца.

Постапка: Во подлабок сад ставете 200 мл млако млеко и во него издробете 1 коцка свеж квасец, па додадете 1 лажичка шеќер. Промешајте за да се растворат состојките и оставете 10-тина минути за да се запени и да се активира квасецот.

Во еден килограм брашно додадете една кесичка прашок за печиво, промешајте и направете вдлабнување како бунарче. За солено тесто ставете две лажички сол, две чаши јогурт, 200 милилитри млеко, активираниот квасец и две јајца отстојани на собна температура.

Промешајте најпрво со лажица, а потоа продолжете го месењето со рака. Тестото е меко и малку лепливо. Земете една поголема кеса во која ќе го сместите тесото, па намастете ја од внатрешната страна. Тестото истресете го во кесата, испуштете го воздухот и врзете ја кесата добро.

Може да го ставите и во некој намастен пластичен сад и добро да го затворите со капак или стреч-проѕирна фолија, но најдобро е да го чувате во кеса. Кесата вратете ја во садот и ставете ја во фрижидер. Штом стаса тестото можете слободно да го користите (за неколку часови).

Со намастена рака или лопатка откинете онолку колку што ви е потребно. Кесата повторно врзете ја на истиот начин како и првиот пат, па вратете го тестото во фрижидер. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.