Одберете еден премин. Тоа е патот по кој би сакале да одите понатаму во својот живот… Можеби ќе ви помогне во разјаснувањето на она што треба да преземете за да тргнете по тој пат.

1.ВАШИОТ ПАТ Е ПАТ КОН ОСЛОБОДУВАЊЕ

Вие сте лице на кое му е потребно многу простор, сакате слобода за да можете работите да ги средувате на свој начин. Преферирате животни патишѓта кои сами сте ги расчистиле и направиле, а секогаш имате повеќе опции. Никога не сакате некој да се сопнува и да ве ограничува. Многу сте независни, понбекогаш и бунтовни, но не сакате расправии со другите. Не сакате никаде да брзате, си го сакате свое време и сакате да уживате во животот. Понекогаш сте дури и презафатени со хедонизам.

2.ВАШИОТ ПАТ Е ПАТ НА ПРИВАТНОСТ

сакате да патувате сами, да размислувате, да анализирате, да носите заклучоци. Тежнеете кон угоден животен пат во кој има место само за еден. Секако, отворени сте и за други луѓе, но на прво место ви е посветеноста на севеси и своите цели. Оригинални сте и луцидни, светот го гледате на посебен начин. Често и другите имаат корист од вашите совети и размислувања. Може да се каже дека се самотник, но кога тоа го сакате, многу сте поврзани со луѓето и имате многу разбирање за другите.

3.ВАШИОТ ПАТ Е ЖИВОПИСЕН

Вие сте многу привлечна и ангажирана чличност и сакате се’ да испробате. Вашиот сон е животот да ви биде исполнет со бои, возбудувања и убавина… За вас магијата на животот е патувањето а не дестинацијата. Љубопитни сте и секогаш сакате да дознаете повеќе. Секогаш први го започнувате разворот и имате многу прашања. Духовити сте и со изразена интелигенција и луѓето секогаш се смеат во ваше друштво.

4.ВАШИОТ ПАТ Е ВОЗБУДЛИВ

Секогаш одете напред во животот, дури и кога влегувате во непознато. Не се грижите за последиците, со нив се занимавате подоцна. Вие сакате непредвидливи работи во животот, можеби дури и работи кои другите луѓе би ги уплашиле. Ве привлекува се’ што е непознато, сакате да им пркосите на правилата и често сте непослушни. Главно ве следи среќа. Спонтани сте и постојано трагате по нови возбудувања – сакате да го искористите времето кое ви е дадено.

5.ВАШИОТ ПАТ Е СТАБИЛНОСТ

Вие сте во вечна потрага по мир и спокој, немате големи побарувања. Вие сте силна личност, но понекогаш едноставно не сакате да се потрудите. За вас совршен живот е оној кој нема големи грижи и оптеретувања, сигурен и пријатен. Сакате да знаете во што се впуштате и кога тоа е можно, вие ги одбирате полесните патишта. Животот е доволно тежок за вие да се занимавате со тешки одлуки и ситуации. Затоа, вие сте стабилни и знаете да го поддржите опкружувањето. Познати се по својата доследност.

6.ВАШИОТ ПАТ Е ПАТ НА ТИШИНА

Ја цените самотијата во сите области на животот. Може да помине многу време, а вие воопшто да не почувствувате дека сте биле сами. Го сакате мирот и тишината. Сакате да впиете се’ што е убаво од природата и животот, барате значење во се’ што ве опкружува. Не сакате гужви, но ги сакате луѓето. Ги цените автентичните односи, и длабоки, со смисол разговори.