Етеричното масло од темјан е поделотворно од хемотерапијата во уништување на ракот.

Научниците од Универзитетот Лестер во Британија откриле дека смолата на темјанот содржи хемиско соединение ацетил-11-кето-бета-босвелинска киселина (АКВА) која може да ги уништи канцерогените клетки и може да биде поефикасна во лекувањето на ракот на дојка, простата, јајници и дебело црево.

Етеричното масло од темјанот е одлично во борбата против воспаленија, инфекции и предвремено стареење, а воедно е благотворно и за дигестивниот тракт, го јакне имунитетот и го подобрува оралното и менталното здравје.

Покрај сите овие квалитети, било откриено дека темјанот е одличен борец против ракот. Истражувањата покажале дека може да биде помоќен од хемотерапијата, бидејќи не ги уништува здравите клетки, нема негативни нуспојави и може да ги убие канцерогените клетки кои се отпорни на хемотерапијата.

Темјанот ги јакне коските и зглобовите, лекува бронхијална астма и ублажува болки и воспалени зглобови

Темјанот е бела смолеста материја која се добива од дрвото boswellia sacra. Овој вид на дрво е мало и листопадно, со хартиена структура на кората која лесно може да се оддели. Самото дрво има непарен број листови кои растат спротивно еден на друг долж гранките.

Неговите ситни цветови со жолтеникавобела боја се состојат од 5 венечни ливчиња, а плодот е капсула долга околу 1 см. Самата смола се наоѓа во стеблото, па од тие причини потребно е да се засече кората на дрвото за да може да истече смолата. После одреден временски период смолата се стврднува и може да се користи.

Темјанот се користел уште 2000 години пред новата ера, главно за лекување и се сметал за еден од најскапите производи во трговијата. Старите Египќани верувале дека темјанот е потта на боговите која паднала на земјата. Се верува дека легендарната птица Феникс го градела своето гнездо од темјанови гранчиња и се хранела со “солзите” од оваа смола.

Темјанот исто така, се спомнува и во Библијата како еден од трите подароци кои му биле донесени на Исус на неговото раѓање. Од тие причини и денес главно се користи во религиски цели.

ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА НА ТЕМЈАНОТ

Темјанот како лек се користел уште многу одамна. Различни видови воспаленија и инфекции се лекувале со темјан, а се смета дека први почнале да го користат Египќаните како света билка. Содржи етерично масло кое му обезбедува силен мирис и киселини под називот пентациклични тритерпени кои се многу добри за јакнење на мускулите и коските.

Исто така, многу важна состојка во темјанот е босвелинската киселина која има антиинфламаторно дејство.

Темјанот може да биде важен и за редукција на леукотриенот кој предизвикува контракција на бронхијалните мускули. Студија од 1998 година која ги проучувала ефектите на билките врз бронхијалната астма, покажала дека луѓето кои користеле темјан имале полесни симптоми и индикатори на астма.

Ова покажува дека темјанот може да игра важна улога во лекувањето на бронхијалната астма. Позитивните имунолошки карактеристики на темјанот може да помогнат во реакцијата на алергените од околината кои се случуваат кај пациенти со астма.

Сепак, илјадници години наназад, темјанот главно се користел кај зглобни заболувања и воспалителни процеси, па тоа е една од причините зошто и во денешно време им се препорачува на пациенти со артритис.

ТЕМЈАНОТ КАКО ЛЕК ЗА АРТРИТИС

Многу студии за ефектот на темјанот кај пациенти со остеоартритис покажале дека е ефикасен за ублажување на болки и воспаленија. Истовремено, се овозможува мобилност на зглобовите со што се олеснува одењето и функционирањето.

Темјанот исто така влијае врз намалување на нивото на ензимите кои ја разградуваат ‘рскавицата. Темјанот има и антиинфламаторно својство кое е единствено во однос на другите билки и лекови.

Имено, босвелинската киселина присутна во смолата е соединение одговорно за нејзиното антиинфламаторно дејство. И додека повеќето билки и антиинфламаторни лекови го намалуваат воспалението со инхибиција на активноста на ензимот COX кој доведува до воспаление, босвелинската киселина од друга страна, го инхибира формирањето на леукотриенот (про-инфламаторен агенс) кој делува на инфламаторниот ензим LOX, кој е веќе вклучен во восплението и спречува нејзино понатамошно напредување и ширење.

Резултатите од клиничкото испитување покажуваат дека екстрактот на темјанот е поефикасен од валдекоксиб, антиинфламаторен лек кој го инхибира ензинот COX кај остеоартритис на колено.

Темјанот делува споро, но терапевтските ефекти опстануваат дури и после прекинот на терапијата за разлика од валдекоксибот. Исто така, темјанот е многу корисен кај ревматоидниот артритис, бидејќи влијае врз намалување на отоците на зглобовите кај пациентите, истовремено овозможувајќи проток на крвта низ крвните садови во зглобот кој е зафатен со воспалението.