Егзорцист од Гана раскажува искуства од својата земја: жените кои се опседнати од демони си зборат сами со себе, може да си нанесат зло, па дури и да убијат.

Во 25 милионската западноафричка Гана голем дел од населението практикува духовна медицина, а при одредени психички пореметувања применуваат верски обреди.

Станува збор за опседнатост од зли духови, демони, на што убавите жени се најподложни.

-Мажите може да бидат жртви на демони, но убавите жени се сепак посклони на опседнатост – вели егзорцистот Ј.Б.

Тој појаснува дека некои од духовите се тврдоглави, а кога жртвата е во транс тие стануваат насилни и се обидуваат да го нападнат егзорцистот во текот на третманот.

-Кога тоа се случува, жртвите ги врзуваме со јаже а некогаш и со ланци за столчето за да се смират- објаснува Ј.Б.

Во текот на сеансите и молитвите, нему му помага асистент кој ја држи жртвата доколку е агресивна.

Неговиот колега М.М. верува дека врзувањето на жртвите во текот на егзорцизмот помага полесно да се истераат демоните.

-Жртвите во тој момент не чувствуваат болка. Демоните се тие што чувствуваат болка и во моментот кога се цитираат стихови од свети книги, тие бегаат- објаснува М.М.

Исто така, додава дека молитвата, бањањето и носење пристојна облека е единствен начин да се спречи опседнатост од зли духови.

Егзорцистите Ј.Б. и М.М. велат дека жените кои ги опседнал демон зборат самите со себе, може да си нанесат повреда или дури и да убијат.

Анонимен човек А. сведочел дека неговата 20-годишна сестра почнала да зборува сама со себе и да си нанесува повреди кога наполнила 20 години.

-Поголемиот дел од времето го минуваше заклучена во соба и можевме да слушнеме како разговара сама со себе како да е со некој друг.

Врз неговата сестра подоцна успешно бил извршен егзорцизам, а после тоа закрепнала.

Официјалната медицина во Гана не го поддржува егзорцизмот и е скептична кон ваквите случаи.

Клиничкиот психолог на Универзитетот во Гана смета дека ваквите симптоми се поврзани со психички пореметувања кои можат успешно да се лекуваат со медикаменти и психотерапија.