Талбина: десерт кој го оживува срцето на болниот и отстранува дел од тагата

Кога ќе ви се случи некоја тага, јадете ја корисната Талбина, велат старите за овој ориентален десерт. Талбината може да се нарече и природен антидепресив… Многу вкусен!

Потребни состојки:

2 лажици јачменово брашно
1 ½ шолја млеко или вода
По желба мед или друг засладувач

Постапка:

Една шолја млеко се става на оган да зоврие. Во преостанатото млеко се разматува јачменово брашно да нема грутчиња. Постепено додавајте во зовриеното млеко со постојано мешање.

На тивок оган варете 10-15 минути со често мешање.

талбина

Изладете и послужете со мед. Може да се додадат и други засладувачи по вкус.

Медот се додава на крај за да се уништат неговите хранливи материи со готвењето. Исто така, незасладена талбина може да се додава во чорби и други солени јадења.

талбина
Loading...