Домашен сок од вишни

Многу вкусен и освежителен сок, особено за летните горештини.

Потребни состојки:

4 кг вишни
2 кг шеќер
1 лимонтус
3 литри вода
1 конзерванс

Постапка:

Вишните измијте ги, извадете им ги петелките (можете да ги сочувате за чај), па изгмечете ги заедно со семките. Наросете одозгора една кесичка лимонтус и 1,5 литар вода, поклопете и оставете на ладно место да отстои 24 часа.

Потоа смесата процедете ја низ газа, додадете 2 кг шеќер, преостанатите 1,5 литар вода и една кесичка конзерванс.

Сето убаво промешајте го за да се растопи шеќерот, па складирајте во чисти стаклени шишиња.

Loading...