За празничните денови сите приготвуваат најубави јадења за свечената трпеза. Овие ребра може да ги ставите на списокот, бидејќи навистина се извонредни.

Имаат одличен вкус, а доста едноставно се приготвуваат. Покрај другите зачини, медот всушност е главната состојка која на ребрата им ја дава крцкавата надворешност, бојата и богатиот вкус. Рецепт на Снежана Годиниќ.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг свински ребра, сол по вкус, 3 лажици кечап, 3 лажици мед, 3 лажици црно вино, 3 лажици балсамико оцет, 3 рендани чешниња лук или гранулиран лук или лук во прав, 1,5 лажица сенф, 1 лажичка лута-толчена црвена пиперка, малку мелен црн пипер, малку рузмарин и мајчина душичка

ПОСТАПКА: Свинските ребра добро посолете ги и оставете го месото во фрижидер да отстои. Направете ја маринадата во која ќе стојат ребрата. Сите состојки освен медот и кечќапот измешајте ги и со тоа премачкјате ги ребрата.

свински ребра – фото и рецепт на Snezana Godinic

Вака премачкани ребрата оставете ги во фрижидер да преноќат до следниот ден. ребрата можете да ги сечете на помали парчиња доколку сакате, но и не морате. Може да се сечат и во цела низа, па потоа да ги сечете на делови.

свински ребра – фото и рецепт на Snezana Godinic

Загрејте ја рерната на 200 степени, ребрата ставете ги во сад со капак или фолија одозгора, па печете ги на 180 степени околу 1,5 -2 часа со малку вода и масло (ако ги печете во кеса, се додава сосем малку течност).

Проверувајте ги ребрата во текот на печењето, треба да бидат како варени, да може виљушката да поминува низ месото. По потреба додајте малку вода, доколку испарила. Ако сè уште не се доволно меки, печете ги и понатаму така поклопени уште 20-30 минути.

Во текот на печењето превртувајте го месото. Откако ќе се зготви под капак/фолија, тргнете го капакот и премачкајте го месото со мешавина од мед и кечап.

Вака премачкано печете го уште околу 20-30 минути. печените ребра ќе бидат сочни и малку лепливи, но ќе бидете воодушевени од вкусот. Јас ги печам ребрата во кеса за печење месо ?(вака излегуваат најдобри), на 180 степени, час ипол до два часа.

Потоа ја отворам кесата, а месото го префлам во тава, ги премачкувам со мед и кечап и ги потпекувам уште околу половина час на 180 степени. Овие кеси за печење можете да ги најдете во сите поголеми супермаркети. Рецепт на Снежана Годиниќ.