Овие чоколадни бакнежи се наречени „Baci di Alassio“. Аласио е мал град во Лигурија кој станал познат во целиот свет токму поради овие чоколадни целувки. Пасвал Балзола, сопственик на мала слаткарница ги осмислил во 1919 година и оттогаш на многумина им се омилени ситни колачи…




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г пропжени и мелени лешници, 200 г шеќер во прав, 35 г какао, 35 г мед, 2-3 белки од сирови јајца. За на ганаш: 100 г темно чоколадо, 70 г слатка павлака за шлаг




ПОСТАПКА: На сува тава малку пропжете ги лешниците колку да пуштат мирис со непрекинато мешање. Потоа оставете ги целосно да се оладат, па ситно сомелете ги во блендер. Во садот со мелени лешници додајте шеќер во прав и какао, па убаво промешајте за да се изедначи смесата.




Во посебен сад издвојте ги белките од жолчките (јајцата претходно извадете ги да отстојат намлку на собна температура). Жолчките смрзнете ги или веднаш искористете ги за нешто друго, а белките пенасто изматете ги со прстофат сол.




Кога ќе добиете цврст снег од белки, започнете во тенок млаз да го додавате медот додека убаво да се соедини во снегот. Постепено почнете да ги додавате сувите состојки и мешајте со шпатула.




Не ја додавајте целата количина одеднаш, зошто потребно е смесата да остане воздушна и пенлива. Мешајте со лажица или шпатула со превртување на смесата од долу кон горе додека целосно да се изедначат состојките.




(Мене двете белки ми беа премалку, смесата излезе прецврсто, па затоа додадов уште малку снег од трето јајце – ова зависи од големината на јајцата). Добиената смеса ставете ја во слаткарска кеса со голем ѕвездест продолжеток.




Истиснувајте ги колачињата врз плех обложен на хартија. Ако немате слаткарска кесичка користете пластична кесичка за замрзнување, а целувките можете да ги ставате и со лажичка, на одредено растојание.




Приготвените целувки ставете ги во загреана рерна на 200 степени и печете ги 10 минути. Потоа исклучете ја рерната и оставете ги да се оладат со подотворена вратничка. Кога целосно ќе се оладат можете да ги спојувате по две со чокоалдниот крем.




За чоколаден ганаш: загрејте ја слатката павлака на многу тивок оган, па кога речиси ќе дојде до вриење (не смее да врие), прелијте го чоколадото искршено на коцки. Мешајте додека тоа да се растопи и да добиете мазна смеса. Оставете да се олади, па користете го како крем. Рецепт на Zoilo.