Свинска маст за болни зглобови

На сите нас ни се познати болните сензации во зглобовите. Обично болката ја чувствуваме во колената, рамењата, лактовите… После 40-тата година оваа болка ја сметаме како резултат на стареењето.

Но, што ако болките се појават на 25-30 годишна возраст? Секако, за овие тегоби постојат повеќе причини како траума, преоптеретување, фрактура, артритис, реума…

За ревматски тегоби можете да искористите еден сосем природен препарат кој е евтин и достапен за сите. Се приготвува многу брзо, препаратот е ефикасен а сè што ви е потребно е свинска маст и пластична фолија.

Loading...

Свинската маст има загревачки својства и токму затоа претставува одлично средство за ублажување на болките во зглобови.

Употреба:

Нанесете свинска маст на болните зглобови, добро протријте за да се растопи од топлината на телото, па потоа фиксирајте со проѕирна фолија. Внимавајте да не ја стегнете премногу компресијата за да може непречено да се одвива циркулацијата.

Потоа свиткајте го болното место со волнен шал или друга топла ткаенина и оставете да делува најмалку 10 часа или преку цела ноќ.

Потоа измијте го местото со млака вода.

Постапката повторувајте ја најмалку десет дена, а кога болката ќе престане, двапати седмично.

Loading...