Необичната приказна за оваа чудотворна приказна започнува во далечната 1915 година…

Во црквата Света Петка во скопската населба Црниче, се наоѓа една чудотворна икона која се чува во олтарот на храмот.

Овој храм е подигнат и осветен во 1923 година, но чинот на осветување и поставување на камен-темелник за изградба на црквата бил извршен во 1904 година.

Приказната за чудотворната икона со исцелителна моќ е поврзана со скопјанката Фаница Нанчева која била родена во 1915 година. На 26 годишна возраст таа почнала да живее во станот на еден свештеник, кој заминал за Србија. Таа во подрумот од станот пронашла необична икона од пресвета Богородица, за која никој не знаел дека постои.

Иконата, на Света Богородица стоела во еден агол од нејзината соба. Покрај нејзе и останатите две икони постојано горело кандило.

Оттогаш започнале да се случуваат чудни нешта. Ноќе, необичен звук и тропање се слушале од местото каде што се наоѓала иконата на света Богородица.

Една ноќ, сопственичката забележила како сребрена монета паѓа од иконата. Тоа бил чуден звук на паричка од нематеријална природа. Едно утро, кога се разболела, од очите на иконата потекле солзи. Таа не можела да поверува во глетката, сe додека солзите не ги собрала во еден сад.

Подоцна иконата многупати ја покажала својата чудотворност. За заздравување на болните деца или за добивање пород на бездетните брачни двојки, откако ќе се помолеле пред неа.

Сопственичката го послушала советот на тогашниот старешина на црквата Света Петка Ацо Стојковски и иконата ја предала во божјиот храм. Иконата и денес се наоѓа таму.

Света Петка е христијанска црква, која се наоѓа во населба Црниче во Општина , Кисесла Вода.

За 20 години била изградена целосно и осветувањето го извршил тогашниот скопски митрополит Варнава (1920-1930). Постои камен-плоча на која може да се прочита дека храмот бил завршен и осветен на 3.09.1923 година. Црквата е градена според традиционалниот византиски стил.