Неговата жртва треба да се запамти.

Дон Џузепе Берардели (72) се откажал од респираторот и му го отстапил на пациент кој не бил ни свесен за овој милосрден чин на самопожртвување.

Италијанскиот свештеник од местото Касниго во провинцијата Бергамо починал од корона вирусот откако се жртвувал за помлад пациент.

Дон Џузепе Берардели (72) се откажал од респираторот кој му го купила неговата заедница и му го отстрапил за пациент кој не бил ни свесен за овој милосрден чин.

-Дон Џузепе умре како вистински свештеник. Длабоко сум трогнат што тој свесно се одрече од помошта за да спаси некој помлад од себеси – изјавил здравствениот работник од Домот да стари лица.

Берардели бил многу почитуван а верниците многу го сакале. Бил познат по тоа што им помагал на луѓето со финансиски проблеми и на другите луѓе со секаква помош.

Бил омилен во својата заедница, па затоа штом тој се разболел, веднаш се организирале и му го купиле респираторот.

Јунакот кој не сакал никаква слава за себе, починал во болницата Ловере. Досега во Италија животот го изгубија најмалку 30 свештеници, од кои 16 во Бергамо.