Компировото пире е еден од најчести прилози кои се послужуваат покрај секое друго јадење, како месо, риба…

Наместо да стоите над шпоретот и да пржите помфит во длабоко масло, подгответе ја оваа евтина варијанта која нема да ви одземе многу време, а сепак е поздрава и не содржи толку многу калории.

Повеќето се жалат дека пирето им излегува со грутчиња, со некој „гумен“ вкус или едноставно, не им е доволно вкусно, и не наликува ни најмалку на оние кремасти совршенства што ги гледаме на популарните ТВ емисии.

Всушност сè започнува од самиот почеток на подготовката со компирите, а сè уште не сте ги ставиле ниту да се готват во врелата вода.

Повеќето професионални готвачи не ги лупат компирите бидејќи лушпата содржи витамини, но и вкус (особено ова се однесува на младите компири, додека старите компири мора да се излупат).

Повеќето јадења можете да ги направите од компири, а еден од најпопуларните прилози е пирето од компири. Колку и да е едноставно за правење, се случува овој фантастичен прилог да не успее и да остане сув.

Искусните домаќинки открија одлични трикови кои ќе ви помогнат пирето од компири да биде секогаш совршено кремасто, а да не ве чини многу.

Тајната е во коцката за супа, како и во кремот за готвење. Коцката за супа едноставно може да го подобри вкусот на секое јадење, а павлаката ја дава таа кремаста текстура. Но, да почнеме отпочеток, при подготовка на компирите. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 компири (или по потреба), 400-450 мл супа (коцка за супа-говедска), 100 мл крем за готвење, 2 лажици путер, зачини по вкус црн пипер, сув магдонос, лук во гранули, а уште подобро да користите и неколку чешниња свеж лук.

ПОСТАПКА: Во тенџере растопете ја коцката за супа во топла вода. За една коцка за супа се користи од 400-400 мл топла вода (да не биде зовриена, само топла).

Компирите претходно подгответе ги така што ќе ги исечкате на средни парчиња и ќе ги измиете на неколку наврати под млаз вода.

На последното миење, компирите се оставаат да „киснат“ во водата околу 30 минути, а потоа се истура таа вода и се оставаат да се исцедат. Како што напишавме претходно, младите компири не мора да се лупат. Вака подготвените компири ставете ги во тенџерето со коцка за супа.

Вклучете ја ринглата на средна температура и варете ги компирите додека водата да почне да врие. Потоа намалете ја температурата и поклопете, па варете додека компирот целосно да омекне. Компирите процедете ги, но зачувајте си приближно 200 мл супа.

Во процедениот компир додајте ја супата, кремот за готвење и путерот. Добро изгмечете го со специјална  кујнска пасирка и кремастото пире е подготвено.

Зачинете со сол и црн пипер, но и други зачини по вкус (имајте на ум дека коцката за супа е многу солена, прво дегустирајте, па посолете по потреба).

Совет: Коцката за супа (издвоената 1 чаша) може да ја додавате постепено додека го мешате пирето.

Пирето треба да добие кремаста конзистентност и да не биде премногу течно. Кој сака може да стави и неколку чешниња лук, поминати низ преса. Послужете како прилог на главното јадење.