Убавата летна седенка во дворот понекогаш можат да ја упропастат досадните муви и комарци. Во поново време се чини дека колку повеќе има средства за нивно yништување, толку повеќе се зголемува и бројот на овие незгодни инсекти.

Некои прибегнуваат кон прскање со разни хемикалии кои може да бидат ефикасни, но и штетни за околината, а постојат и т.н. ламби против комарци кои исто така, се ефикасни, но чинат и доста пари.

Можете на евтин и многу едноставен начин да се ослободите од досадните комарци, муви и други инсекти и тоа со помош на природни состојки. Ќе ви биде потребна една помала стаклена тегла или чаша.

На дното од теглата (чашата) сипете сол, каква имате. Најдолу може да ставите крупна, во кристали, а најгоре да завршите со поситна која ќе ги пополни вдлабнатините. Ова се прави за да се употреби што помалку кафе, кое е следната состојка, но солта може да биде и изолатор.

Комарците, како и другите инсекти ги одбива мирисот на чад од запалено кафе. Значи, откако ќе ставите сол на дното од теглата, остатокот пополнете го со ситно мелено кафе, или пак талог од кафе кој претходно сте го оставиле да се исуши (во прав).

Следно, ќе ви биде потребен фитил од свеќа. Земете една најобична свеќа и измерете ја висината на теглата, па пресечете ја за да го добиете фитилот со потребната големина. Парчето свеќа пресечете го надолжно за да го извлечете фитилот.

Може да користите и обичен коноп претходно натопен во течен восок за да се обложи од сите страни. Со стапче направете дупка во средината на теглата (чашата), ставете го внатре филтерот, па со помош на лажица притиснете го кафето за да се поткрепи и добро прицврсти во верикална положба.

Комарците, исто така не го поднесуваат ниту мирисот на каранфилче. Околу филтерот во кафето наредете и неколку суви каранфилчиња, па со прстот малку подбутнете ги.

Мирисот на каранфилчето освен комарците и мувите, не го сакаат ниту мравките, исто така. Потоа запалете го и ставете го на безбедно место, подалеку од дофат на деца. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.