Свечен солен куглоф со варени јајца: сите ќе бидат изненадени!

Потребни состојки:

10-11 јајца

калап за куглоф 25 см

1,4 литри јогурт

6 кесички желатин

200 г шунка или димен врат

300 г варен морков

400 мл мајонез

6-7 кисели краставички

Постапка:

За почеток… се чисти морковот и се сечка на коцкички. Се готви на пареа или во вода, ни премногу ни премалку, поточно околу 20-тина минути се доволно.

Се варат јајцата. Се сечка шунката, краставичките…

Желатинот се приготвува според упатството на кесичката: 4 лажици ладна вода за една, односно 24 лажици вода за 6 кесички желатин. Се остава да набубри 10-тина минути.

Јогуртот малку го замлачуваме да биде топол. За тоа време на пареа го растопуваме желатинот и полека го истураме во јогуртот и промешуваме. Потоа ги додаваме сите состојки освен јајцата.

Половина од смесата истураме во калапот, ставаме во фрижидер околу половина час, па кога малку ќе стегне ги редиме јајцата во круг и прелеваме со остатокот од смесата. Се враќа повторно во фрижидер добро да излади, неколку часови.

Потоа малку одвојте го куглофот од ѕидовите на калапот и преврете го врз чинија за сервирање. Уживајте во прекрасниот вкус и изглед!

Loading...