Колач со банани готов за 10 минути. Многу вкусен колач, лесно и брзо се приготвува. Секој може да си го дозволи, но и секој може да го приготви. Многу лесно и едноставно. Еве што ви е епотребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г бисквити, 3 пудинг од ванила, 9 лажици шеќер, 1 литар млеко, 200 г путер или маргарин, 4 лажици кисела павлака, 5 банани и 200 мл слатка павлака или 200 г крем шлаг

ПОСТАПКА: Бисквитите искршете ги со рака. Три кесички пудинг разматете со 400 мл млеко. Остатокот од млекото ставете го на оган и додајте 9 лажици шеќер. Пудингот сварете го во млекото и кога ќе згусне тргнете го од оган.

Во врелиот пудинг додајте путер или маргарин исечкан на листови и мешајте додека да се растопи и инокропорира. Потоа додајте ја павлаката и уште еднаш промешајте за да се изедначи.

Во кремот додајте ги бисквитите, промешајте и оставете пет минути да отстои. Половина од смесата истурете во калап (јас користев тркалезен 26 см), но може да користите каков имате или сакате.

Излупете ги бананите надолжно или на тркалца и наредете ги преку пудингот. Ставете ја и втората половина од пудингот. Оставете колачот да излади. Тргнете го обрачот и украсете со шлаг крем одозгора.

Ова е само една идеја, а од овие состојки можете да правите најразлични комбинации. на дното од калапот можете да наредете еден или два реда бисквити, па крем, банани, крем и така наизменично. Или да смислите друга комбинација…