Утрото нека започне со Велигденска погача

Фото и рецепт: Дана Дана

Во моето семејство велигденското утро не може да започне без оваа погача!

Потребни состојки:

1 кг меко брашно

2 коцки свеж квасец

200 г шеќер

200 мл масло

8 јајца: се користат 8 жолчки и 4 белки

20 г сол

рум или мараскино

лимонова или кора од портокал

околу 250 мл млеко или по потреба

Постапка:

Квасецот се активира исто како за леб.

Шеќерот, ванилин шеќерот и жолчките пенасто се матат па постепено им се додаваат другите состојки.

Кога ќе се соединат сите состојки го додаваме квасецот и полека го додаваме брашното. Се микса додека тестото да започне да се одвојува од ѕидовите на садот. Тестото не смее да биде претврдо.

Се остава на топло за да се удвои. Потоа го премесуваме и го делиме на 3 дела.

Секој дел го обликуваме во топла и го ставаме во плех обложен со хартија. Се остава повторно да кисне. Кога тестото повторно ќе се удвои, горниот дел засечете го како крст, премачкајте го со жолчка и наросете со шеќер.

Печете на 180 степени додека да добие убава румена боја.

Фото и рецепт: Дана Дана

Loading...