Салата со тестенини, за 10 минути е готова, најмногу ја сакаме!

Вкусна салата, за сечиј вкус.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

околу 350 г тестенини (најчесто користи спирални)
околу 100 г кисели краставички
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
1 мала, најмала конзерва пченка
1 и ½ кесичка мајонез
1 чашка кисела павлака
150 мл павлака за готвење (за тестенини)
100 г кашкавал
100 г шунка
Сол, црн пипер

ПОСТАПКА:

Тестенините сварете ги, процедете ги и изладете (под млаз студена вода).

Краставичките, пиперките, кашкавалот и шунката исечкајте ги поситно (или изрендајте ги).

Додадете ги сите останати состојки и добро промешајте.

Смесата ставете ја во фрижидер, за да се стегне.

Изладете и сервирајте. Тестенините впиваат доста од течноста, па ако е потребно додадете уште малку од течната павлака кога салатата ќе излади и промешајте уште еднаш.

Украсете по желба.