Сутлијач со чоколадо – брзо, евтино и едноставно

Ориз сварен со чоколадо е еден брз десерт кој сигурно ќе ви се допадне. Количините се произволни, па така, можете да додавате или да одземате од состојките по вкус.

Потребни состојки:

300 г ориз
200 мл млеко
1 чоколадо
7 лажици шеќер или кафеав шеќер
½ пудинг од ванила или чоколадо
1 литар вода или соино млеко
сечкани бадеми, ореви или чоколадо за декорација одозгора

Постапка:

Оризот измијте го во неколку води и префрлете го во тенџере со вода да се вари. После 10 минути варење на умерена температура, додадете го шеќерот и промешајте да се растопи.

Loading...

Во друг сад измешајте млеко, пудинг (или густин) и промешајте да нема грутчиња.

Во оризот додадете искршено чоколадо на коцки и мешајте за да се растопи. Потоа додадете го изматениот пудинг и постојано мешајте додека да згусне, исто како кога варите пудинг.

Потоа тргнете на страна, оставете малку да подизлади и сервирајте во помали десертни чаши.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото:

Loading...