Home Рецепти Одличен појадок за 10 минути – “Пржени” лепчиња од рерна

Одличен појадок за 10 минути – “Пржени” лепчиња од рерна

Фото и рецепт: Снежана Кнежевиќ

Брз и вкусен појадок. На овој начин лепчињата најмалку впиваат масло.

Потребни состојки:

5-6 јајца
200 г ситно сирење
500 мл млеко
1 лажичка морска сол
2 лажици маслиново масло
11 парчиња леб
1-2 лажички оригано
кечап, сирење, јогурт, кефир, доматен сок како прилог

Постапка:

Исечете го лепот на парчиња, а доколку веќе имате исечен, уште подобро. Во одговарачки сад искршете ги јајцата, додадете сол и изматете со виљушка.

Додадете сирење, млеко и масло и само уште еднаш промешајте за да се соедини. Натопувајте ги парчињата леб, па свртете ги да се натопат и од другата страна.

Лебот редете го во плех обложен со хартија за печење. Наросете го одозгора со оригано. За тоа време, вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.

<

Ставете го плехот во рерна и печете го лебот додека да зарумени. Кај мене се готови за 10 минути, бидејќи користам вентилатор со топол воздух.

Пржените лепчиња извадете ги од рерна, покријте ги и оставете ги малку да подизладат. Послужете ги со прилог по желба. Ние користевме домашен кечап.