СУПЕРБРЗА ПЕСОК ТОРТА…Има преубав вкус, а лесна и едноставна за правење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 кесички пудинг од ванил (4х40 г)
180 г шеќер
1 литар млеко
250 г путер или маргарин
150 г мелена плазма/бисквити
120 г кокосово брашно
170 г мелени ореви

За глазура:
100 г чоколадо за готвење
100 мл слатка павлака за шлаг
1 лажица масло

ПОСТАПКА:

1.Во посебен сад растворете ги пудинзите со шеќерот во 200 мл млеко, а остатокот (800 мл) ставете на оган да зоврие. Потоа намалете ја температурата, сипете го пудингот и варете со непрекинато мешање додека да згусне.

2.Пудингот претурете го во друг сад и прекријте го со проѕирна фолија, па оставете да се олади. Пенасто изматете го путерот кој претходно омекнал на собна температура, па постепено додајте го оладениот пудинг во него.

3.Добиениот крем поделете го на 3 еднакви делови. Во едниот додајте мелена плазма и изматете со миксер за да се соедини. Во вориот додајте го кокосот и соединете, а во третиот додајте ги мелените ореви.

4.ФИЛУВАЊЕ: Флексибилен обрач 24 см поставете врз десертна чинија. Како прв слој/база распоредете го филот со плазма, како втор слој – филот со кокос, а третиот – филот со ореви. Оставете ја тортата во фрижидер да се олади неколку часа.

5.ГЛАЗУРА: Загрејте ја павлката на многу ниска температура без да зоврие и во неа растопете го чоколадото, па додајте малку масло. Сипете ја глазурата врз тортата и оставете да се олади и стегне. Декорирајте по желба. Постапката погледнете ја ОВДЕ.