Фото и рецепт: Рада Врбљанац – Домашни крофни.

Одличен рецепт за крофни кои се меки како душа, а колку и да направите за час исчезнуваат. Во тестото по вкус може да додадете и малку рендана кора од лимон и малку лимонов сок.

Потребни состојки:

300 мл млака вода (или 100 мл млеко + 200 мл вода)
1 лажица сув квасец
1 јајце
1 лажичка сол
1 лажица шеќер
3 лажици масло
500-550 г брашно

Постапка:

Во подлабок сад ставајте ги по ред состојки и мешајте со лажица: 300 мл млака вода, 1 супена лажица сув квасец, 1 јајце отстојано 2 часа на собна температура. Потоа додадете 1 лажичка сол, 1 супена лажица шеќер, 3 супени лажици масло, а брашното постепено додавајте го, околу 500 – 550 г.

Тестото покријте го и оставете го да стасува додека да ја удвои величината. Кога ќе стаса, повторно со лажица промешајте го за да се спушти на дното, па повторно оставете го, уште еднаш да стаса.

Кога и вторпат ќе стаса, тестото истресете го врз набрашнета работна површина и со раце (не со оклагија) полека развлечете кора со дебелина од околу 1 см.

Вадете ги крофните со чаша, па оставете ги да одморат уште половина час. Потоа во широко тенџере ставете доста масло (или маст, кога ќе се растопи да биде во висина од 4 см), па спуштајте ги крофните во загреаното масло.

Поклопете го тенџерето со проѕирен капак за да можете да видите кога крофните ќе заруменат одоздола. Потоа свртете ги (ако не се превртеле сами), а со лажица поливајте ги одозгора со врелата маст. Вадете ги кога се готови, а истиот процес повторете го си сите крофни.

После ставање на крофните треба да се намали малку температурата за да не изгорат одеднаш. Пржените крофни валкајте ги во шеќер помешан со ванилин шеќер.

 

Фото и рецепт: Рада Врбљанац