Умот секојдневно го преоптеретуваме што доведува до треперење, засилено и забрзано чукање на срцето, вртоглавица, потење и губиток на здивот.

Стравот од било какво негативно доживување кој ви се чини дека е вон ваша контрола, ја исцрпува вашата енергија и ја намалува силата.

Постепено станувате несигурни и одновно повторувате некои дејствија како проверување дали сте ја заклучиле вратата, автомобилот, дали сте ја исклучиле пеглата, дали сте сте го изгасиле светлото, дали е безбедно вашето дете кога ќе оставите само или во градинка…

Депресијата, негативноста и стравот стануваат доминантни емоции. Повеќе не сте во состојба нормално да функционирате на работното место или дома. Си помислувате дека се наоѓате во еден магепсан круг од кој нема излез.

Меѓутоа, постојат некои билки кои можат да помогнат при вакви состојби.

Најдобриот билковен лек против анксиозност и стрес, е слаткиот корен (lat. Glycyrrhiza glabra/Liquiritiae radix).

Оваа билка има голема лековита моќ, корисна е кај бројни тегоби. Содржи состојки кои му помагаат на телото полесно да се носи со анксиозноста и стресот.

Понатаму, ги нормализира функциите на надбубрежните жлезди, го смирува умот и поттикнува рационално размислување.

Лековит дел: осушен и излупен корен од билката.

Хемиски состав: тритерпенски сапонини, флавоноиди, кумарини, стероли, скроб.

Дејство: Активните состојки во слаткиот корен поволно делуваат врз разредувањето на густиот бронхијален секрет и го олеснува искашлувањето. Делува противвоспалително, го олеснува празнењето на цревата, ги смирува грчевите, ублажува тегоби од чир на желудник и 12-палечно црево, делува врз функцијата на надбубрежната желзда, го подобрува памтењето и го смирува умот.

Ограничување во употребата: Кај лица со кардиоваскуларни пречки каде доаѓа до задржување на натриумот и хипокалемија; кај шеќерна болест; кај терапија со хормонски препарати и оштетувања на црниот дроб – треба да се ограничи. Не се препорачува за трудници и доилки. Слаткиот корен не треба да се консумира подолго од 4-5 месеци со повремени паузи.

РЕЦЕПТ

Половина лажичка иситнет сладок корен се прелива со 200 мл зовриена вода. Садот се поклопува и после 5 минути се процедува.

Се пие по шолја чај, неколку пати дневно после јадење, но не подолго од 4-6 седмици.