Проблемот не секогаш доаѓа од местото на болка. Човечкото тело е направено така што сè во него е поврзано. Стоматолозите советуваат, доколку ве боли грбот – причината да ја барате во забите. Доколку чувствувате болка во грбот, не треба веднаш да трчате на масажа или киропрактичар, прво проверете ги вашите заби.

Медицинските експерти веруваат дека состојбата на усната шуплина влијае врз општата состојба на целото тело. Анатомски, задниот дел на черепот се поврзува со првиот вратен прешлен, а сводовите на забите ја одржуваат тежината на главата.

Прилично големата тежина на главата е рамномерно распоредена на забите. Најсилните заби наречени катници го носат најголемиот товар, а предните заби се најтенки затоа што служат само за загризување на храната.

Најголемиот товар го носат катниците, и затоа првите катници се поголеми, а кон внатрешноста стануваат се помали и помали. По овој редослед, тежината на черепот се распределува врз нив.

Ако забите имаат непросечна висина поради малкоклуција, лошо поставени пломби или отсуство на заби, тежиштето се менува. Притисокот се пренесува врз другите заби, а неправилното држење на главата предизвикува одредени деформитети во држењето на телото.

Ако неколку од забите ви се расипани или ви недостасуваат, тогаш тежиштето на главата не лежи целосно на забните лакови и ја става својата тежина на ‘рбетот, што предизвикува компресија врз него.

‘Рбетниот столб, доживувајќи постојан товар, почнува да се деформира, а тоа се манифестира со разнa патологија – искривување, нерамни краеви, вршење притисок врз внатрешните органи, артериите или ‘рскавичното ткиво. Како резултат на овие компресии, се јавуваат синдроми на болка и хронични болести.

Како да го заштитите грбот?

Децата треба да се научат да го држат грбот исправен уште од рана возраст. Не смеете да дозволите вашето дете да има погрешен став на држење. Детето треба да биде постојано исправено и уште од мали нозе да се воведе навика на посетување на забар.

Денес, кај многу деца е дијагностицирана сколиоза – искривување на ‘рбетот на десната или левата страна, кое напредува со текот на возраста и го намалува квалитетот на животот. За да го заштитите вашето дете од овие деформитети, направете план на активности во природа како што се трчање, скокање и друга физичка активност најмалку еден час во денот.

Исхраната треба да биде базирана на витамини, особено од групата Б. Во случај на деформитети на држењето на телото, потребно е да се изведат специјални гимнастички вежби кои придонесуваат за симетрично оптоварување на задните мускули.

Седечкиот начин на живот, работата пред компјутер и недостатокот на физичка активност, доведува до фактот дека лошото држење на телото се влошува од слабоста на повеќето мускули, особено на абдоминалните.

Слабите стомачни мускули доведуваат до проблеми со други мускулни групи како зголемена напнатост, а најчесто страдаат мускулите на вратот и долниот дел на грбот.

Центарот на тежиштето се поместува уште повеќе, а главниот товар е на интервертебралните дискови, што ја објаснува нивната издаденост и појава на дискус хернија. Ако некое лице има испакнат стомак, тогаш неговиот грб сигурно е заоблен и обратно.

За да го поправите држењето на телото и да ја елиминирате болката во грбот, треба да: ги зајакнувате мускулите на стомакот и грбот, поправете ги сите заби и практикувајте честа посета на стоматолог. Доколку недостасуваат некои заби, ставете импланти. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.