Ставила малини во калап за мафини и додала 2 состојки: Ова можете да го јадете колку сакате!

Ова е многу едноставен рецепт за мафини од само три состојки!

Не само што се приготвуваат експресно брзо, подготовката е многу лесна, туку и вкусот им е врвен и што е најважно – многу се здрави!

Потребни состојки:

Малини
2 банани
4 јајца

Постапка:

Изгмечете со виљушка две банани, а потоа во нив додадете и изматете 4 јајца.

Во намастени калапи за мафини или уште подобро, во силиконски калапи ставете по неколку малини, а потоа прелијте ги со смесата од банани и јајца. Не ги преполнувајте калапите.

Неколку пати плехот удрете го од маса за да излезе евентуалниот воздух.

Печете 12 минути на 190 степени. Потоа извадете ги од рерна и оставете ги мафините малку да изладат пред да ги извадите од калапите.

Претходна статијаОвие СПИРАЛНИ КИФЛИ секојпат ме воодушевуваат
Следна статијаЛЕДЕН РОЛАТ: фамозен и освежителен ролат, сите ќе ви побараат уште едно парче