Home Рецепти Овие СПИРАЛНИ КИФЛИ секојпат ме воодушевуваат

Овие СПИРАЛНИ КИФЛИ секојпат ме воодушевуваат

Едноставно се приготвуваат, декоративни се и многу вкусни!

Потребни состојки: 200 мл млака вода, 200 мл јогурт, 100 мл масло, 20 г свеж квасец, 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол, брашно по потреба

За премачкување: 1 јајце, сусам

Постапка: Во еден сад ставете млака вода, раздробен квасец, шеќер и малку брашно. Убаво разматете да се растопат квасецот и шеќерот, па оставете да се активира и запени.

Потоа додадете јогурт на собна температура или малку замлачен, масло и сол. Брашното додавајте го постепено, па прво мешајте со маталка, а потоа со раце.

Замесете убаво тесто кое не лепи на раце, па оставете го покриено да стасува додека да го удвои волуменот.

Потоа тестото поделете го на топчиња.

<

Секое топче развлечете го во кора со овален облик, со должина од 28 см, а ширина 10 см. Вертикално исечете ленти, но не до крај (погледнете фото), па свиткајте во валјак.

Спиралните кифли редете ги во плех и оставете ги околу половина час уште еднаш да стасаат.

Потоа одозгора премачкајте ги со изматено јајце и наросете сусам. Печете ги на 220-250 степени додека да добијат убава златна боја.