ЛЕДЕН РОЛАТ: фамозен и освежителен ролат, сите ќе ви побараат уште едно парче

Многу вкусен и освежителен десерт.

Потребни состојки:

6 белки
200 г шеќер
1 лажица оцет

За крем:

500 мл слатка павлака за шлаг
200-300 г крем сирење (или свежо сирење)
шеќер по вкус
малини

Постапка:

Белките измиксајте ги во цврст снег со постепено додавање на шеќерот, се’ додека тој не се растопи, а на крај додадете и една лажица јаболкова киселина.

Снегот од белки нанесете го врз големиот плех од рерна, претходно обложен со хартија за печење.

Убаво и рамномерно распоредете и израмнете одозгора. Печете во загреана рерна на 160 степени, 35 минути.

Измиксајте ја слатката павлака, додадете го несоленото сирење и шеќер по вкус и желба, па премачкајте ја изладената кора со овој крем.

Одозгора наредете малини, свиткајте во ролат и ставете во фрижидер добро да излади и да се стегне.

Loading...