Солта најчесто се користи при приготвувањето на јадењата, но исто така може да послужи и во бројни рецепти од природната медицина.

Меѓутоа, солта можете да ја додадете во вашите омилени козметички производи и да го подобри квалитетот на вашата кожа и коса.

Ако имате мрсна коса, солта може да ви помогне – само додадете 2-3 лажици сол во вашиот омилен шампон, па вашата коса нема да ви биде мрсна како порано. Резултатот треба да го забележите само после неколку третмани.

Солта е исто така одлична за пилинг на телото. Прво, купете груба морска сол а потоа измешајте две лажички од солта во половина чаша кокосово масло.

Измешајте ги добро состојките, а потоа искористете ја смесата за чистење на вашето тело.

Солта е одличен пилинг за вашата стапала, па доколку ги третирате со сол измешана во маслиново масло, вие ќе добиете прексрасни и мазни нозе.

Солта како природен лек – еве каде сè можете да ја користите солта:

Кога ќе се повредите, последно што ви паѓа на памет е да ставите сол на раната. Но, после краткотрајната болка, раната побрзо зараснува!

Растворете две лажички сол во чаша со вода, а потоа применете од смесата врз раната за да се дезинфицира. Можеби ќе почувствувате непријатност, но тоа е знак дека функционира.

Доколку имате чести главоболки, испијте една чаша вода со растворена лажичка сол, па болката ќе исчезне за 15 минути.

Сепак, доколку боледувате од висок крвен притисок – треба да го ограничите внесот на солта.

Солта може да го зголеми вашиот притисок, па дури и повеќе, да создаде нови и опасни по живот состојби кои може да завршат фатално. Затоа, бидете умерени во консумирањето на солта и следете ги препораките на вашиот лекар.