Рецепт од традиционалната медицина кој дава инстант олеснување, ги отвора бронхиите и помага повторно да продишете со полни гради.

Козјата маст одамна е позната како мевлем за многу болести. Нашите баби им го мачкале градниот кош на децата кога имале респираторни проблеми, бронхитис или воспаление на белите дробови.

Исто така, многу често се користела и при воспаление на синусите проследени со главоболки, но и кај инфекции и воспалителни процеси и состојби како што се херпес симплекс, егзема, воспаление на грло и ждрело, хемороиди, невралгија, артритис, реума, за брзо зараснување на рани и изгореници, но и како лаксатив, бидејќи ја стимулира работата на цревата.

Составот на козјата маст вклучува витамини од групата Б, како и од групата А, Ц, Д и Е. Покрај тоа, козјата маст содржи и голема количина полузаситени масни киселини, млечни ензими и коензими. Покрај тоа содржи и калциум, магнезиум, калиум, цинк и селен. Сето тоа козјата маст ја прави средство за лекување на многу болести, но и многу делотворен козметички препарат.

Ви го претставуваме традиционалниот мевлем од козја маст за третирање на бронхитис и упорна кашлица, па и воспаление на бели дробови.

Потребни состојки:

150 мл млеко
1 лажица козја маст
1 лажица мед

Постапка:

Прво загрејте го млекото, но не дозволувајте да зоврие. Топлото млеко префрлете го во чаша, додадете ја козјата маст и медот и убаво промешајте за да се растопат и соединат.

Приготвениот мевлем мора веднаш да се испие, одеднаш, а потоа потребно е да легнете и добро да се затоплите, одобено делото околу градниот кош, од предната и задната страна (грбот).

Вака приготвениот мевлем треба да се пие трипати дневно, па за кратко време ќе забележите олеснување. Покрај тоа, козјата маст треба да се користи и како облога.

ОБЛОГА ОД КОЗЈА МАСТ и МЕД: Двете состојки измешајте ги во еднакви количини, па добро измешаната смеса малку загрејте ја, а потоа со кружни движења добро втријте на пределот на белите дробови од предна страна и на грбот. Потоа завиткајте го добро тој дел во целофан за да може дополнително да се загрее и така преспијте.