Станува збор за посебен вид на вино кое се приготвува од боровинки и смреки. Боровинките може да ја разубават и омекнат вашата кожа, па дури да спречат и рак. Го јакнат имунитетот.

Имено, овие бобинки имаат повеќе антиоксиданси од било кое друго свежо овошје или зеленчук тестирано до денес. Повеќето нејзини моќи доаѓаат од пигментот кој е одговорен за сината боја.

Одлични се за вид и за здраво срце. Го намалуваат нивото на шеќерот во крвта, а исто така го топат салото околу стомакот. Помагаат при опстипација. Една чаша сирови бобинки содржи околу четири грама влакна.

Растворливите влакна кои се содржат во боровинките можат да апсорбираат 11-16 пати од сопствената тежина во вода и на тој начин да ја забрзаат работата на цревата.

Боровинките имаат големи количини манган, кој игра голема улога во развојот на коските. Од друга страна смрекинките имаат необичен вкус и најмногу се користат како зачин во европската и индиската кујна. Порано се користеле како лек, а нивните здравствени својства де познати и денес.

Една од најкорисните состојки кај смекинките е 4-терпинен, кој помага при намалување на нивото на мокрачна киселина, го подобрува дигестивниот тракт и го намалува ризикот од вируси. Во комбинација овие две бобинки имаат неверојатен ефект врз вашето здравје.

Рецептот всушност е базиран на бобинки од боровинки и смрекинки натопени во вино и ракија, а всушност станува збор за вид вино од боровинки. Лекот се применува кај:

-проблеми со лоша циркулација; лоша кр-вна слика; главоболки и вртоглавици, слабо памтење; слабо срце; акутни и хронични проблеми со желудник и црева; воспаленија на дебело црево; анемија и слаб имунитет

Лекот можете да го консумирате ако имате проблем со слабо срце. За оваа намена сличен напиток од боровинки се спомнува и во записите пронајдени во Лондон кои датираат уште од 1698 година.

Виното успешно ја регулира цревната флора и ги уништува и регулира размножувањето на штетните бактерии и глисти. Затоа се препорачува при различни дигестивни пречки.

Виното помага и при недостиг на апетит и слабост предизвикана од некоја болест, операција или пад на имунитетот.

Бидејќи добрата циркулација и дигестија е клуч за добро здравје, со добра работа на срцето и мозокот јасно е зошто ова вино кај народот е наречено ЛЕК ПРОТИВ СЕКОЈА БОЛЕСТ.

Потребни состојки: 500 г свежи боровинки, 500 г сини смрекинки, 1 литар квалитетно домашно црно вино, 500 мл јака домашна ракија, 3 лажици домашен мед од проверен пчелар, 3 лажици шеќер

Постапка: Боровинките и смрекинките измијте ги и ставете ги во голема тегла. Налијте вино да ги прекрие бобинките. Оставете да отстои во фрижидер 48 часа, а потоа во смесата додадете половина литар ракија, мед и шеќер.

Добро промешајте за да се растопат медот и шеќерот. Оставете ја комплетната смеса да отстои 7 дена. После тоа може да се користи.

Употреба: по 4 лажици вино наутро и навечер. Во секоја доза нека има и неколку боровинки кои ќе ги изџвакате пред голтање.

Виното се користи 3 дена наутро и навечер по што се паузира 2 дена. На овој начин се користи додека да се потроши целата доза направена по овој рецепт.