Овој плод има исклучително големи здравствени моќи. Дали сте слушнале за овошјето што се вика „Перуанска јагода” (physalis)?

Ова растение освен што е лековито и вкусно, многумина го одгледуваат и како декоративна билка. Плодот и целата билка има бројни здравствени предности. Најзначајно е што делува превентивно и спречува појава на рак на дебело црево и простата.

Покрај тоа, има многу здравствени предности: Изобилува со витамини, особено А, Б, Ц, а сите знаеме дека витаминот А е добар за јакнење на висот; лекува инфекции, воспаленија; ја подобрува дигестијата; ја чисти крвта; лекува опстипација; поттикнува мокрење, исфрла вишок вода од организмот – добар диуретик;

Потоа, претставува добар извор на енергија; содржи никотинска киселина или витамин ПП кој го регулира нивото на холестерол во крвта; изобилува со растителни влакна кои помагаат во исфрлање на токсините и штетните материи од телото, ја подобруваат перисталтиката на цревата; сокот од билката лекува рани.

За кои болести помага Перуанската јагода? – пиелонефритис, опстипација кај стари луѓе, ревматизам, воспаление на кожа и хипертензија.

Покрај останатото, истражувањата покажале дека кај голем број луѓе консумирањето на овој плод помогнало при лекувањето од најтешките болести, како и со промена на исхраната и своите навики.

Започнале да се хранат здраво, исфрлиле сè што е негативно и токсично од нивниот живот, го промениле начинот на живеење. Во голем број од нивните стории се споменува и перуанската јагода.

Чајот од перуанска јагода е многу добар против грип и ларингитис. Коренот и листовите од перуанска јагода се познати по тоа што ги ублажуваат симптомите на респираторните болести, како што е ларингитисот и помагаат кај грип.

Традиционалната медицина од Јужна Америка со векови го користела овој чај. Тој се прави од сечкан корен и лист од перуанска јагода и се вари како и сите билковни чаеви.

Поради големата содржина на антиоксиданти, перуанската јагода е предмет на многу научни испитувања, а нивната цел е испитување на дејството на ова овошје врз различни болести, вклучително карцином, маларија, хепатитис, ревматизам, астма и дерматитис.

Плодот на перуанската јагода содржи доволна количина на железо која ве снабдува за целиот ден. Доволно е секојдневно да ја јадете, па ќе немате потреба од дополнителен извор на овој минерал.

Перуанската јагода е одлично овошје, богато со антиоксиданти и витални хранливи состојки кои се многу здрави. Но и многу вкусна. Меѓутоа, имајте во предвид дека најдобро е да се јаде сирова, бидејќи со термичка обработка се уништуваат дел од лековитите состојки.