Брз колач со гриз, неверојатно вкусен, сочен и мек

Многу брзо се приготвува, едноставен е, а толку е вкусен и сочен што се топи во уста. Сите состојки се мешаат, се пече, се прелива со сируп и се декорира со шлаг.

Ако сакате да го приготвите во посна варијатна, тогаш користете некое растително млеко или газирана вода. Колачот по својот вкус потсетува на баклава.

Потребни состојки:

4 јајца, 1 чаша шеќер, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 1 чаша гриз, 1 чаша ореви, 1 чаша брашно, 1 прашок за печиво, плех 30х22 см, се мери со иста чаша од 200 мл.

за сируп: 500 г шеќер, 600 мл вода

За декорација: 2 шлаг пени, 200 мл вода, 4 лажици шеќер, арома од ванила, ореви

Постапка:

Во еден подлабок сад изматете четири јајца со 1 чаша шеќер. Јајцата се матат со жица или виљушка. Потоа додадете една чаша млеко, промешајте, па една чаша масло, повторно кратко промешајте.

Во смесата додадете една чаша гриз, 1 чаша мелени ореви, 1 чаша брашно, 1 прашок за печиво.

После додавање на секоја состојка кратко промешајте. Кога смесата убаво ќе се изедначи, излејте ја во плех со средна величина, претходно обложен со хартија за печење.

Протресете и израмнете па ставете да се пече половина час во загреана рерна на 180 степени.

За сируп: 500 г шеќер прелијте со 600 мл вода и ставете на оган да зоврие додека да се растопи шеќерот. Со топлиот сируп прелијте го млакиот колач. Оставете да се впие сирупот.

За декорација: Две шлаг пени измешајте со 200 мл вода и 4 лажици шеќер, па пенасто изматете. Во шлагот додадете 1-2 лажички арома од ванила или по вкус.

Шлагот оставете го половина час во фрижидер да излади, а потоа нанесете го врз колачот и израмнете. Одозгора наросете мелени или сечкани ореви. Деталите погледнете ги во видеото:

Претходна статијаЗа три дена се слабее и до 8 килограми со диетата наречена “Пост на ориз”
Следна статијаКОМПИР ДИЕТА: 5 килограми помалку за 3 дена, голем број задоволни жени ја испробаа